Родители внимавајте: Често ги купувате овие играчи – а тие се опасни за децата









Одамна швајцарски и американски научници утврдија дека детските гумени играчки со кои се бањаат се полни со различни бактерии.




Научниците биле изненадени дека во такви играчки пронашле и до 75 милиони бактерии во квадратен сантиметар.




Но, тие уште се на продажба и родителите често ги купуваат. Затоа, апелот е објавен повторно, а во него научниците велат ваквите играчки да не им ги купувате на децата.




Истражувачите пребројувале микроби кои пливаат во внатрешноста на жолти патки и утврдиле дека течноста што се празни, кога ќе се истиснат, содржи „потенцијално патогени бактерии“, во четири од пет играчки.




Меѓу пронајдените бактерии биле и легионела и псевдомонас аеругиноса, бактерии што често се поврзуваат за болнички инфекции.

error: Content is protected !!