Слепа девојка сонила каде да копа за да открие лековита вода – денес на тоа место има манастир

Некаде на 12 километри одалеченост од Кочани, се наоѓа еден убав манастир Свети Пантелејмон.

Во близина на овој манастир се наоѓа едно симпатично село Пантелеј, на падините од Осоговските планини, а целото тоа место освен што ќе ве плени со несекојдневна убавина, претставува и воздушна бања со чист планински воздух и повеќе природни извори на вода.

Токму во близината на ова селце од бајките, се наоѓа манастирот посветен на светецот мантелејмон, а чиј ден се празнува на 9 август.

Водата која извира во манастирот е света и лековита, барем така тврдат мештаните. Постои една легенда поврзана со ова место, а која вели, дека на некоја слепа девојка која се викала Нејтана, еден ден и се сонило местото каде требало да копа за да најде лековита вода.

Девојката по овој сон многу се вознемирила, но сепак заминала во потрага и го пронашла токму местото од својот сон.

Таа долго копала, копала… додека рацете и прокрвариле, па до толку се изнемоштила што на крајот паднала тешко болна. На смртната постела им ја открила својата тајна на селаните и им оставила аманет да го продолжат нејзиното копање и да го пронајдат изворот со лековитата вода. По нејзината смрт селаните продолжиле со копање и навистина ја пронашле водата која денес се наоѓа во манастирот, веднаш до олтарот.

Под манастирот има уште еден извор, за кој пак се верува дека е единствен од таков вид во Македонија. Наречен е ЦРНА ВОДА, а истекува од длабнатината на еден црн бор. За овој извор се верува дека лекува болести поврзани со коските, мускулите и зглобовите. Од оваа вода се пие со мало лажиче.

На ова свето место, на денот на празникот на 9 август доаѓаат илјадници верници за да се помолат и да се напијат од светата вода, со верба и надеж за здравје.

Повеќето од македонските манастири, градени во различни периоди, посебно оние градени од XI до XV-XVI век, во целост се сочувани и денес. Освен вредниот живопис, по кои Македонија е позната во светот, тие во своите древни ризници кријат невидливи записи за духовниот код на монашкиот подвиг што се одвивал во нив.

Градени на високи непристапни места, во близина на испосници, далеку од човечките населби, изолирани во тишина и затскриени со бујна вегетација, со мали манастирски цркви и конаци во кои било можно да се сместат малубројни братства, во монашки заедници од скитски карактер. Честопати метоси на големите Светогорски манастири, од кои монасите посветени на молитвата се повлекувале во нив.

Манастирите на планината Скопска Црна Гора (која го добила името по многубројните црнорисци-монаси) и комплексот испосници и манастири на Матка, по долината на реката Треска, во близина на Скопје; испосниците крај брегот и островите во Преспанското Езеро; пештерските цркви на бреговите на Охридското Езеро, монасите и калуѓерките во црквата „Св. Атанасиј“ односно Лешочкиот манастир, а кој е сместен во Лешок на падините на Шар Планина; испосниците крај Лесновскиот манастир; исихастичките испосници непосредно под манастирот Св. Преображение-Зрзе, над Пелагонија, сведочат за видот на подвигот кои монасите го практикувале тука. Подвиг на трагање по вистинското богопознание: објективното гледање на Бога од страна на целосниот човек, во процесот на очистување, преобразување и интеграција на природните сили на душата, до степенот на обожение.

Цркви / Манастири

Цркви и манастири во регионот на Пелистер и Баба Планина

Во регионот на потпелистерието (битолскиот и преспанскиот дел) како селски или манастирски цркви, распоредени се околу 40 (четириесет ) објекти, широко датирани помеѓу XI па се до крајот на XIX век.

Во истите тие храмови се распоредени стотици квадратни метри фреско живопис и околу 1000 парчиња на икони од доцниот визатинскиот период и од времето на преродбата.

Досегашните сознанија и стручни анализи, несомнено потврдуваат дека одредени примероци од овој импозантен фонд на културни споменици, можат да се вбројат во редот на најблескавите уметнички достигнувања кои настанаа низ историјата, во поширокиот регион.

Со публикување на основните податоци за овие споменици, несомнено се афирмира уште една значајна страница за вредностите содржани во регионот на НП Пелистер.

Најстариот и најначаен црковен споменик во околината на НП Пелистер e Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, која датира од 1191 гогина (12-ти век). Манастирот св. Горѓи во 1952 г., е прогласен за споменик на културата.

За големото значење на овој споменик прочитакте поопширно на web страницата на Преспанско – Пелагониската Православна Епархија (http://www.pppe.mk/2017/sveti-gorgi-kurbinovo-renesansniot-biser-na-prespa/)

Во селото Маловиште – единственото село кое се наоѓа во границите на НП Пелистер, постојат неколку значајни црковни споменици, и тоа: импозантната црква Св. Петка – изградена во 1856 година, во која е сместена постојана галерија на икони со околу 100 примероци во хронолошки распон од приближно 400 години, потоа Манастирот Св. Ана, на 1. 410м.н.в., и на 2, 5 км. југозападно од селото Маловиште. Црквата Св. Спас, која се наоѓа високо на планината, под врвот Пирамида (Вртешка) на 2. 000 м.н.в., а при влезот во селото, се наоѓа црквата Св. Ѓорги, и јужно, по последната куќа во Маловиште се наоѓа и параклисот на Св. Атанасиј Велики.

На Пелагониската страна на Баба Планина и НП Пелистер , во селата Трново и Магарево се наоѓаат три значајни црковни споменици: на влезот од село Трново е храмот посветен на Пресвета Богородица, во центарот на селото Магарево се: црквата Св. Великомаченик Димитриј и Црквата Св. Ѓорѓи, која некогаш била женски манастир.

На северната страна на Баба Планина и НП Пелистер, помеѓу другите црковни зданија се наоѓа и Манастирскиот комплекс Св. Петка во село Цапари и Манастирската црква Св. Илија во село Ротино.

На преспанската страна Баба Планина и НП Пелистер, покрај Црквата Св. Ѓорѓи во село Курбиново, по своето значење се издвојува и Сливничкиот Манастир – односно Манастирката црква „Рождество на Пресвета Богородица“ која била изградена и зографисана во 1607 година. Овде треба да се спомене и Брајчинскиот манастир, кој се наоѓа околу 500 метри источно од село Брајчино, со црквата „Св. Петка“.

Цркви и манастири во, и околу НП Пелистер

Име на селото и име на црква или манастир на страната на Преспа (Ресен) – НП Пелистер:

Долно Дупени – Св. Богородица и Св. Атанас

Љубојно – Св. Петар и Павле, и Св. Јован

Брајчино – Св. Никола и Св. Петка

Сливница – Манастир – Св. Богородица

Штрбово – Св. Атанас

Крани – Св. Ѓорѓи

Курбиново – Св. Ѓорѓи

Грнчари – Св. Илија

Подмочани – Св. Ѓорѓи, и Св. Петар и Павле

Арвати – Св. Архангел Михаил

Рајчица – Св. Никола

Име на селото и името на црквата или манастирот на Пелагониската (Битола) страната од НП Пелистер:

Маловиште – Св. Петка, Св. Ана, Св. Ѓорѓи и Св. Спас (Маловиште е единственото село што се наоѓа во границата на НП Пелистер).

Цапари – Св. Петка и Св. Ѓорѓи

Ротино – Св. Никола и Манастир Св. Илија

Трново – Св. Богородица

Магарево – Св. Димитрија и Св. Ѓорѓи

Нижеполе – Св. Петка

Дихово – Св. Димитрија

Брусник – Св. Димитрија

Лавци – Св. Никола

Буково – Св. Димитрија и Манастир Св. Преображение

Крстоар – Св. Петар и Павле и Манастир Св. Христифор

Бистрица – Св. Ѓорѓи

Олевени – Св. Ѓорѓи

Барешани – Св. Меркуриј

Канино – Св. Богородица

Велушина – Св. Богородица

Драгош – Св. Илија и Св. Никола

Граешница – Св. Богородица

error: Content is protected !!