Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои важат и за едни од најдобрите во светот, се обинети за местење на ракометни натпревари.
Данскиот медиум „ТВ2“ пренесува извештај на „Спортрадар“ подготвен уште од 2018 година во кој се споменуваат осум европски судиски двојки кои се сомнителни за местење на натпревари во периодот од 2016 до 2017 година.
Станува збор за 26 натпревари од Лигата на шампионите и на репрезентативно ниво, а нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се обвинети за два од нив.
„ТВ2 се сретна со македонското дуо по нивниот прв меч на Светското првенство, во Малме, петок навечер. Кога им го презентиравме извештајот на ‘Спортсрадар’, Николов и Начевски одбија да коментираат зошто нивните имиња се спомнати во извештаите. Во интервји за ТВ2 и Хрватските судии Матија Губица и Борис Милошевиќ негираа конекција за местење натпревари“, пишува во тектот на ТВ2.
„Спортрадар“ има уште посериозно обвинение за Ѓорѓи Начевски, вели дека македонскиот судија имал конекции со групи од организиран криминал.
Начевски и Николов се дел од сите големи натпреварувања на ЕХФ и ИХФ, тие судат и на Светското ракометно првенство кое се одржува во моментов.
Данскиот медиум објавува дека „Спортрадар“ извештајот го презентирал на ЕХФ уште во 2018 година, но и покрај тоа тие продолжуваат да ги делегираат судиските двојки за кои се сомнева дека биле дел од местење на натпревари.
Македонските судии Начевски и Николов се обвинети за местење на натпревари
