Скијачкиот центар „Пониква” од 12.01 ја отвора сезоната за зимски спортови. Со снегот кој наврна на повисоките места, „Пониква” како единствен спортско-рекреативен центар на истокот, годинава е со поголем сместувачки капацитет и се очекуваат повеќе посетители, посебно за време на викендите.
Патот од Кочани до Пониква е исчистен и прооден и оваа туристичка атракција претставува можност за неколкудневен одмор од градските гужви и загадениот воздух.
Сепак, големиот интерес од граѓаните го направи своето, поради што денес е навистина гужва и тешко се стасува до убавите места.
На социјалните мрежи се појавија и фотографии од граѓани, кои се револтирани и велат дека има огромна гужва, која едвај се мести и настанал голем метеж.
Веќе 30 минути се местиме по само неколку метри, да бидам прецизна околу 100 метри сме поместени за половина час, навистина е тешко, а нема простор да се вратиме ниту назад, – вели жена Марија која ни ги испрати фотографиите.
(ФОТО) ХАОС на едно од најубавите зимски центри за рекреација во Македонија – автомобилите во застој, граѓаните револтирани
