„Кингс лигата“ е проект на Жерард Пике кој станува се пополуарен во Шпанија, бидејќи дел од натпреварувањето се поранешни фудбалери, актуелни ѕвезди, но и обични фудбалски вљубеници.
Легендарниот стопер на Барселона кој се пензионираше на крајот на 2022-ра година реши да ги забавува фудбалските фанови со нов возбудлив турнир во Шпанија, но во изминатите неколку дена е во фокусот и поради новиот хит на неговата поранешна сопруга.
Шакира брутално го истрола Пике со низа стихови во својата нова песна, но должен не остана ниту Жерард кој денеска имаше ново шоу во јавноста.
Откако вчера откри дека постигнал договор со „Касио“ за неговата „Кингс лига“, на денешниот натпреварувачки ден се појавил доаѓајќи со Рено Твинго.
Не знам што се случи со тебе
Толку си чуден, што не можам да те препознаам
Замени Ферари за Твинго
Замени Ролекс за Касио
Работиш многу во теретана, но поработи малку и со мозок
Ти посакувам се најдобро со мојата таканаречена замена, – беа дел од стиховите на Шакира, кои се резултат на реакциите од Пике.