Вечерва НОВ удар за Лазаров и Македонија: Лоша вест – пласманот понатаму сега е уште ПОТЕШКО остварлив









Вечерва НОВ удар за Лазаров и Македонија: Лоша вест – пласманот понатаму сега е уште ПОТЕШКО остварлив




Нерешен резултат во вторник против Аргентина ќе значи крај за македонските желби за пласман во главната фаза од Светското ракометно првенство. Ова откако вечерва Аргентинцита затубија од Норвешка убедливо, но со 11 разлика, 20-31.




Со овој пораз Аргентина има гол-разлика -21, а Македонија -22, така што јасно е дека само победа над Јужноамериканците би нѐ однела во главната фаза во Катовице. Ако Аргентинците загубеа со 12 разлика, резултат кој беше актуелен во последната минута од вечерашниот дуел со Норвешка, тогаш Македонија ќе ја имаше предноста на реми, само затоа што има повеќе постигнати голови.




Аргентина, сепак, покажа агилност во финишот, а и пристоен квалитет во текот на натпреварот, особено во првото полувреме, кое го загубија со 12-16. Слично на Македонија, беа рамноправни 20-тина минути, до кога губеа со 10-11, сепак почнаа да губат чекор, пред целосно да бидат декласирани во вториот дел.




Сагосен, Бартхолд и Род постигнаа по пет гола, Диего Симонет со седум гола беше прв стрелец. Македонија и Аргентина играат во вторник, од 18 часот.

error: Content is protected !!