Вечерва претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и неговите соработници се сретнаа со граѓаните и партиските активисти во средното техничко училиште во Гостивар, се наведува во партиското соопштение.
Пред присутните се обратија претседателот на ДУИ Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар Валдет Џафери и заменичката Арта Билали Зендели.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, во својот говор во Гостивар, коментирајќи ги поделбите во партијата што ја предводи, рече дека овие политички движења им служат на непријателите на Албанците.
„Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, рече Ахмети, пренесе „4NEWS.mk“
Нема да верувате: Ахмети нападна ДВЕ македонски телевизии – тие се против Албанците, еве јавно ќе кажам кои
