(ВИДЕО) Хаос во „Морача“: Се пресметаа навивачите на Будуќност и Црвена Звезда
На паузата меѓу двете полувремиња од мечот меѓу Будуќност и Црвена Звезда во АБА лигата дојде до тепачка.
Не е познато што довело до конфликтот меѓу навивачите на трибините на стадионот во Подгорица, но за среќа конфликтот набрзо се смирил, иако се чинеше дека многу лесно може да дојде до посериозна ескалација.
Во дербито на АБА лигата црвено-белите победија со 76:56 и со тоа станаа лидери во АБА лигата.
Видеото од конфликтот можете да го погледнете во продолжение:
Tuča pic.twitter.com/OnYw1bze5k
— larakorft (@larakorft1) January 15, 2023