СКАНДАЛ: Помошникот на Лазаров, легендата Јоноски сакал да се тепа со навивачите на Македонија – Фалангата ќе бојкотира?!









Голем скандал се случил после мечот и убедливиот пораз на Македонија од Холандија со 24-34 вечерва, откако бившиот македонски репрезентативец Ацо Јоноски, кој сега е помошник на селекторот Кирил Лазаров тргнал да се пресмета со членови на македонската навивачка „Фаланга“, која дојде во голем број во Краков за да им даде поддршка на ракометарите.




Еден од навивачите на Македонија вечерва откри дека Јоноски им се пуштил и сакал да се тепа, нервозен и лут за критиките и свирежите што тој, стручниот штаб и ракометарите ги добија од Фалангата после мечот во кој Холанѓаните ни одржаа лекција по модерен и брз ракомет, па сега последна шанса за вториот круг на СП во Полска и Шведска е да се победи Аргентина во вторник.




Но, навивачите после мизерниот однос на Јоноски, сега најавуваат бојкот и дека воопшто нема да ја поддржат репрезентацијата.

„Ацо Јоноски наместо да повикува на тепачка надвор од салата, да дојде јавно да се извини на мене и на уште еден навивач за критиката што не ја прифати по завршување на мечот. Ако сака да се тепаме, ќе се тепаме – тоа е најлесно решение.




Очигледно најтешко во овие моменти е да дојдеш и да поразговараш со навивачите колку толку и да ги објасниш причините за поразот, па го избираш полесното решение. Од мене имате бојкот и свртен грб против Аргентина.

Не заслужувате никаква искрена поддршка со ваквиот пристап на игра и со однесувањето на поединци кои се дел од стручниот штаб“, објави во коментар на Фејсбук, Ненад Василев.




Јоноски беше еден од неизоставните членови на македонската репрезентација од генерацијата која пишуваше историски резултати и го фати континиутетот на настапи во повеќе од една деценија на големата сцена.

error: Content is protected !!