Утринава НОВ земјотрес во Албанија – сериозно се осети и во Македонија: Погледнете како се тресеше се (ВИДЕО)









Десет афтершокови се регистрирани од синоќа до утрово со епицентар во Албанија. Последниот е во 10 часот и 05 минути по македонско време со јачина од 3,1 степен по Рихтер.




Истиот е почуствуван и во Макеоднија.




Синоќа 4,7 степени по Рихер беше најсилниот земјотрес регистиран во 22 часот и 37 минути. Дел од жителите од епицентралното подрачје ноќта ја поминаа во своите автомобили, откако ги напуштија своите домови.




Mинистер за одбрана на Албанија, Нико Пелеши на „Фејсбук“ напиша дека помала штета е евидентирана во областа Клос, пренесува Коха. Епицентарот на земјотресот бил на три километри јужно од Клос, а земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија.




Земјотресот беше почувствуван и во делови од Македонија, особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината.

error: Content is protected !!