Што се случува луѓе: Никако да ни дојде памет – само што се огласија од МВР и открија што се случувало во изминатите 24 часа
Со радарска контрола сообраќајната полиција вчера на улиците и патиштата низ Македонија регистрира 481 возило кое се движело побрзо од дозволената брзина., од нив 53 се регистрирани на територијата на Скопје.
Притоа е утврдено дека 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Полицијата напиша 247 казни за брзо возење во населени места, а 234 на отворен пат.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, покрај тие 53 санкции, за брзо возење, изречени се и 26 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за нерегистрирани возила, како и казни за друг вид прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Што се случува луѓе: Никако да ни дојде памет – само што се огласија од МВР и открија што се случувало во изминатите 24 часа
