Ковачевски потврди: ГОТОВО Е, падна првата жртва за бегството на Мемети – ќе има промена на ОВОЈ кадар









Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“.

Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството.




Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници.




За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.




-Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.




За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот.




– Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција.

Сите злоупотреби за вработување да бидат пријавени до надлежните, порача Ковачевски




Нашата законска регулатива овозможува меритократија и вработување на оние кои се најдобри. Сите треба да го спроведуваат законот и процедурите и тоа е единствен начин најдобрите да бидат ангажирани, а секаде каде има злоупотреби да бидат пријавени до надлежните органи, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на прашање кога ќе престане принципот на партиски вработувања.

Премиерот нагласи дека луѓето кои тој ги ангажирал не се членови на политичка партија, а, како што рече, се работи за советници кои имаат поголемо искуство од неговото.




– Благодарение на ангажирање на такви советници пред се мислам на советниците во делот на економијата, даночната политика, енергетските политики итн. ние сме држава која на најдобар можен начин се справи со енегретската и економската криза. Денес не зборуваме ниту за недостиг на струја, ниту за покачена цена на струја, бидејќи ја намаливме, не зборуваме за недостиг на храна, а знаете дека имавме недостиг на брашно, кога стапи оваа Влада не зборуваме за недостиг на рафинирано масло за јадење и веќе зборуваме за намалени цени на основни прехрамбени производи. Тоа е резултат кога ќе ангажирате експерти да ви помагаат во работата и јас секогаш сум се придржувал на тоа, потенцира премиерот.

error: Content is protected !!