Утрово на 41-годишна возраст почина директорот на СОУ „Зеф Луш Марку“ во Скопје, Фарук Зеќири. Зеќири со години е дел од средното образование во Скопје. Фарук е брат на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.
Пријателите на починатиот изразија искрено сочувство до семејството, колегите, пријателите, студентите!
КАКО ДА ТИ СЕ ЗБОГУВАМЕ ДИРЕКТОРЕ?!
Тажна и горчлива вест за сите нас како Образовна институција, ШМКШ“ Зеф Луш Марку“- Скопје.
Ги известуваме вработените, учениците и сите љубители на образованието дека денеска ненадејно почина директорот на нашето училиште ФАРУК ЗЕЌИРИ.
Во име на вработените во училиштето изразуваме сочувство до сите членови на семејството, вработени, ученици и неговите пријатели и образование во Скопје и пошироко.
„Бог да ве награди за трудот и за сите дела што ги оставате зад себе“!
Веста за смртта ја потврди и градоначалникот на општина Чаир.
„Со длабока тага денеска ја примив веста за смртта на мојот пријател, директорот на СОУ „Зеф Луш Марку“, Фарук Зеќири. Фаруку ќе остане запаметен по неговата неуморна работа и огромниот придонес што го даде во развојот на образованието. Најискрено сочувство до семејството, колегите, пријателите, студентите!
Почивај во мир Фарук, на сите ќе ни недостасуваш неизмерно! – пишува Висар Ганиу.
– Денеска добив тажна вест дека почина Фаруку, директорот на гимназијата „Зеф Љуш Марку“. Ќе го паметам како вреден и неуморен работник во благородната мисија за унапредување на албанското образование. Искрено сочуство до неговото семејство, пријателите и колегите, напиша Битиќи.