Се уште нема учебници зе некои одделенија.
Кога учебниците ќе добијат книги, се уште никој уште не знае, зашто биле во завршна фаза, односно кога ќе поминеле низ повеќе филтри поради новите содржини.
Според министерот за образование Шаќири постои надеж дека учениците од прво, второ, четврто и од петто одделeние во основните училишта ќе добијат учебници пред второто полугодие, откако ќе се избере фирма која ќе ги печати.
Првачињата, од второ, четврто и петто одделение наместо од учебници ќе учат од материјали кои ќе им ги обезбеди ресорното Mинистерство.
Шакири нагласи дека сите постапки се запазени од јануари кога ја презел функцијата и дека се спроведени најбрзи рокови, а по ребалансот на Буџетот се обезбедени и средствата за печатење на учебниците за овие одделенија.
– Оваа година се спроведени најбрзи рокови за учениците да ги добијат учебниците за шесто, седмо, осмо и деветто одделение. За прво, второ, четврто и петто одделение знае целата јавност за барањето да се вратат печатените учебници. Националниот совет за учебници е формиран во февруари и имаа повик за анонимни автори за учебниците. Некои од учебниците се веќе одобрени од Советот и тука за нив е завршена постапката. Потоа имаме постапка за економскиот оператор која сѐ уште не е завршена. За децата да немаат пропусти во образовниот процес, од БРО побаравме материјали кои се подготвени навремено. Тие се за периодот од тримесечјето, но истовремено ќе пристигнуваат учебниците, воедно ќе го продолжиме и концептот на дигитализација, изјави Шаќири по посетата на ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир.
Левица: Неспособноста на ДУИ ги остави учениците без учебници
Во текот на вчерашниот ден, министерот за образование Јетон Шаќири изјави дека оваа учебна година МОН ја пречекува поподготвено отколку минатата – без набавени учебници.
Учениците од прво, второ, четврто и петто одделение место учебници, ќе добијат шарено подврзани скрипти или материјали за учење, како што ги нарекува Шаќири, во обид да го прикрие фактот дека ресорот со кој управува не успеа да обезбеди учебници, откако претходно не стигна да обезбеди ниту свидетелства на крајот од наставната 2021/22 година.
Причините за немањето учебници се повеќе, но сите имаат заеднички именител: неспособност на ресорното министерство раководено од ДУИ да ги менаџира потребите на корисниците.
Конкурсите за ракописи за споменатите учебници течеа до средината на мај, поточно до 11 мај 2022 година. Во истиот рок течеше и јавниот повик за рецензенти на учебниците. Каде заглавила процедурата потоа?
Дали можеби причината за ненавременото изготвување на учебниците се крие во традиционалниот партнер на државните институции управувани од кадри на ДУИ, издавачка куќа и печатница „АРБЕРИА ДЕСИГН” од Тетово?
Првиот човек на „Арберија”, Хасим Хамзи, за изборите во 2015-та година за партијата ДУИ донирал трикратно повеќе од лидерот Али Ахмети.
Споменатата фирма до 2016 година била регистрирана за производство на плочи, листови, цевки и пластични маси, за тогаш да се преориентира во печатница, а од 2018 година дејноста ја проширува и со печатење книги. Бизнис кој ѝ донесува приходи од милиони евра, од кои над 90% од договори со државни и јавни институции, најчесто раководени од кадри на ДУИ.
За илустрација: само во 2020, 2021 и 2022 година АРБЕРИА ДЕСИГН има инкасирано близу три милиони евра (2.946.207) само од МОН.
Истата фирма се јавува и како организатор на прославата по повод Рамковниот договор, при што од министерството на Груби инкасира неверојатни 97.000 евра.
Очигледно е дека сѐ во државава може да стои и да чека, освен бизнис-интересите на ДУИ
Трпевска: МОН вложува во училишта кои ќе понудат квалитетни знаења и ќе создаваат перспективни генерации
Како Министерство за образование и наука, целиме да создадеме училишта во кои на учениците ќе им понудиме квалитетни знаења, услови за развивање на креативноста и истражувачкиот дух, стекнување на самостојност и самодоверба, меѓусебно почитување и изучување на културата на живеење на етникумите во земјава.
Ова го истакна Анета Трпевска, државен секретар во МОН, на првиот училишен час во учебната 2022-2023 година во основното училиште „Тодор Јанев” во општина Чашка. Државниот секретар беше во придружба на градоначалникот на Чашка Горан Стојановски и пратеникот Мухамед Кадриу.
Посакувајќи им успех во образованието на сите ученици и среќен почеток на првачињата, Трпевска, посочи дека пред најмалите е период во кој ќе почнат да ги учат буквите и бројките, да стекнуваат вредности и да создаваат нови пријателства со кои ќе ги споделуваат најубавите мигови од детството.
– Ќе научите нови работи, ќе стекнете знаења кои ќе Ви бидат од големо значење во иднина, а низ сето ова патување ќе Ве водат Вашите наставници, кои беспоштедно ќе го пренесат сето знаење кое го поседуваат за да успеете понатаму во животот, рече Трпевска, посочувајќи дека учебна година започнува со физичко присуство, бидејќи местото на учениците е во училишните клупи.
Инвестираме, рече Трпевска, во повеќе сегменти на образованието – во нови наставни програми и учебници, веќе опремивме 260 кабинети по природни науки, реновираме и градиме нови училишта и спортски сали, а се погриживме и за подигнување на мотивацијата на наставниот и стручниот кадар преку зголемување на платите за 15% почнувајќи од овој месец.
– Инвестициите во образовниот процес никогаш не престануваат, а наша обврска сега и во иднина е да бидеме во чекор со светските образовни трендови, изјави Трпевска.
СОНК најавува нови синдикални искуства и успеси во новата учебна година
Наставниците со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта
Успешна нова учебна година на вработените во образованието им посака лидерот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.
„Почитувани колеги, Дозволете ни да Ви посакаме оваа нова учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси… Да ги научиме учениците за работи што не ги знаеле досега. Посакуваме да го извлечеме најдоброто од учениците во оваа претстојна година со нашата напорна работа и трпение. Сѐ најдобро! Среќен почеток“, напиша Неделков на Фејсбук.
Наставниците со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура вчера ја објави потпишаната Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование.
Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК, Јаким Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16 973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.