По невремето кое го снајде Скопје, УМХР започна во вонредно соопштение и објаснување за тоа, кога, каде и како може да се очекува дожд.
Поради тоа, препорачливо е да се сподели оваа информација со своите блиски пријатели и познаници.
УХМР соопшти дека времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта нестабилноста ќе се прошири на повеќе места.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во сабота и недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето. Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Невреме – која било опасна метеоролошка појава со потенцијал да предизвика штета, сериозно општествено нарушување или загуба на човечки живот. Видовите на тешки временски појави се менуваат во зависност од географската ширина, надморската височина, топографијата и атмосферските услови. Силен ветер, град, прекумерни врнежи и пожари се облици и ефекти на јако невреме, како и грмотевици, врнежи, торнада, поплави, тропски циклони и екстратропски циклони. Регионални и сезонски тешки временски појави вклучуваат снежни бури, ледени бури и песочни бури.
МНТ поплавено од невремето, почетокот на новата сезона под знак прашање
Невремето од вторникот го поплави Македонскиот народен театар. Дождот навлегол во приземјето преку овој прозорец. Поплавено е фоајето на повеќе места , меѓу кои кај билетарницата, а особено на местото каде повеќе години наназад е поставена голема кофа покриена со завеса, во која се собира дождот. Зафатено е фоајето на првиот кат на театарот. На малата сцена има вода до првиот ред седишта. Поплавени се главната гардероба и фундусот на приземјето, но и машинската соба, каде што се наоѓаат модулите. А, уништени се и компјутерите во другите машински простории. По невремето, во координација со Министерството за култура, тим од Министерството за одбрана ја испимпува водата веќе втор ден, а струјата во објектот е исклучена. Раководството ја дознало веста за поплавата на театарот во Србија , каде дел од ансамблот вечерва настапува на фестивалот „ Нов тврдина театар“.
ДАЛИ Е ИСТА ИЛИ МОЖЕБИ Е ПОГОЛЕМА ШТЕТАТА ЌЕ ЗНАЕМЕ ДУРИ ОТКАКО ЌЕ СЕ ИСПУМПА ЦЕЛАТА ВОДА ОД ОБЈЕКТОТ. НИЕ ФОРМИРАВМЕ КОМИСИЈА ОД СИТЕ СЛУЖБИ КОЈА ШТО ЌЕ ТРЕБА ДА НАПРАВИ ПРОЦЕНКА НА ШТЕТАТА ВО ПОГЛЕД НА ТЕХНИКАТА, НА СЦЕНОГРАФСКИОТ ФУНДУС, НА КОСТИМСКИОТ ФУНДУС, НА МАЛАТА СЦЕНА. ДА, ПОПЛАВЕНА Е И МАШИНСКАТА СОБА . НАЈБОЛНАТА ТОЧКА НА ТЕАТАРОТ Е ДОЛНИОТ ПОГОН, МОДУЛИТЕ СЕ ПОД ВОДА КОИ ПОМАГААТ ДА ФУНКЦИОНИРА ЕЛЕКТРИКАТА НА ГОЛЕМАТА СЦЕНА, ИЗЈАВИ СИМОНА УГРИНОВСКА- ДИРЕКТОРКА НА МНТ.
Поради поплавата, работата во театарот е запрена и неизвесен е почетокот на новата сезона . Сега е приоритет објектот што побргу да се оспособи за работа, вели директорката Угриноска.
Лани беа доделени околу 20 илјади евра за санација на тересата на првиот кат од театарот, каде при силни врнежи се собираше вода и го поплавуваше фоајето. На тендер беше избрана фирма која даде најефтина понуда, која според раководството на МНТ ангажирала друга фирма подизведувач која не ја завршила работата , па објектот протече есента при посилен дожд . Неискористените финансиски сретства ќе бидат употребени за нова поправка на објектот.
За изградбата на МНТ беа потрошени од претходната власт околу 40 милиони евра, а беше пуштен во употреба во 2013 година.
Невремето направило проблеми и во подрачната служба на ФЗО во Скопје. Поројниот дожд пробил низ покривот. Водата стигнала до салата со шалтери на приземјето. Штетите од поплавата се санираат, а граѓаните се услужуваат, велат од таму.
Привремено за нови пациенти затворена е и Клиниката за анестезија и реанимација, откако невремето ги поплавило магацинските простории. Се до санација на дефектот пациенти ќе се препраќаат во скопските болници и во болниците во Штип, Битола и Тетово.
АСО: Од регионот на Неготино 30 лозари пријавиле штети од невремето во осигурителните компании
Од регионот на Неготино 30 лозари пријавиле штети до осигурителните компании по силното невреме со град што го зафати овој крај кон средината на август.
Полиси за земјоделско осигурување имаат вкупно 180 осигуреници физички лица во општина Неготино, а секој шести од нив пријавил штета врз своите лозови насади, покажуваат официјалните податоци кои Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) ги обезбеди од осигурителните компании.
Според АСО, три осигурителни компании склучувале договори за земјоделско осигурување со земјоделци, најголем дел лозари, од општина Неготино. За овој период има вкупно 188 земјоделски осигурувања од кои 180 полиси на индивидуални земјоделци, а осум договори за осигурување склучиле компании од овој крај кои се занимаваат со лозарство и земјоделство.
-Истовремено повеќе од 50 лозари кои немаат земјоделско осигурување пријавиле штети до општинската управа со молба државата да им утврди и исплати надомест на дел од штетата што им ја нанело невремето. Оваа пракса, со која државата обештетува пост-фестум и долг период наназад ги демотивира земјоделците да ги осигуруваат своите посеви и плодови, наскоро ќе биде укината. Тоа го предвидува новиот закон што се подготвува со кој земјоделското осигурување ќе стане задолжително и во уредувањето на процесите активно ќе учествува државата во соработка со сите компании за неживотно осигурување, велат од АСО.
Нагласуваат дека штети врз осигуран имот, по силното невреме во Неготино, пријавиле вкупно 19 осигуреници од кои 18 се физички лица и една компанија. За овој период на територија на општина Неготино сите 11 компании за неживотно осигурување имале 734 полиси со кои осигурувале имот. Од нив 562 договори за осигурување имот се на физички лица, а 172 полиси имаат фирми и други правни субјекти со седиште во Неготино.
-Споредбата на официјалните податоци од последниот попис на Државниот завод за статистика спроведен лани и бројот на активни полиси покажува дека само три отсто од жителите на Општина Неготино го осигурале својот имот. Споредбата на бројот активни полиси за осигуран имот и бројот на станбени единици во општина Неготино, од последниот попис лани, покажува дека само седум отсто од становите се осигурани, посочуваат од АСО.
Од АСО истакнуваат дека осигурувањето на имотот е важно бидејќи за мал износ на премија што го плаќа сопственикот на имот на осигурителната компанија добива полиса која го штити од голема загуба која би можела да настане на имотот предизвикана од ризик дефиниран во самата полиса.
-Во спротивно, доколку имотот остане неосигурен, претрпените штети предизвикани од овие ризици можат да бидат големи и тешко надоместливи за сопственикот на имотот. При склучување на полисата за осигурување, треба да внимаваме осигурената сума да биде соодветна на вредноста на имотот. Во случај ако настане штета, осигурителната компанија има обврска да исплати надомест во висина на претрпената штета, порачуваат од АСО.
Нагласуваат дека најчести ризици на кои се изложени земјоделците се временските непогоди, како град, мраз, суша, силен ветар, обилни количини на атмосферски врнежи и слично. Имотот на домаќинствата и правните субјекти, пак, најчесто е изложен на ризици од пожари, поплави, земјотреси, удари од гром, луња (многу силен ветар) експлозии, кражби, излевања од водоводна, канализациска и топлинска мрежа и други можни оштетувања на имот.
-Сите информации за осигурување имот се содржани во документот со назив Услови за осигурување имот кој секоја компанија за осигурување е должна да му го даде на секој осигуреник. АСО особено препорачува сите осигуреници, пред да купат полиса за осигурување, со внимание да ги прочитаат Исклучоците од осигурувањето кои дефинираат кои ризици не се покриени и за нив не следува обештетување, посочуваат од АСО.