Летаат казни на сите страни за угостителските објекти: Дури 56 за краток период поради пушење во затворен простор
Од 10 до 14 јануари пазарните инспектори извршиле 200 инспекциски надзори, а издадоа 56 прекрошни налози за непочитување на Законот за заштита од пушење. Казните за овие прекшоци, пушење во затворени простории во угостителски објекти, се од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.
Казна е предвидена и за гостинот кој пушел во затворена просторија во некој ресторан или кафуле – од 100 до 300 евра во денрска противвредност.
За време на надзорите утврдени се неправилности, односно непочитување врз основа на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето, за што се издадени 56 прекршочни платни налози. Според Законот, казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, за одговорното лице од 500 до 1.000 евра, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект ќе биде казнето со 100 до 300 евра, сите во денарска противвредност.
„Државниот пазарен инспекторат постапува по над 80 закони и подзаконски акти и одлуки донесени од страна на Владата, меѓу кои и Законот за заштита од пушењето. Заради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за пушење во јавните простории, Државниот пазарен инспекторат како и досега така и отсега ќе продолжи со интензивни контроли врз субјектите со цел контрола врз почитувањето на законските одредби. Напомнуваме дека казните се високи, па токму затоа даваме апел и известување до правните субјекти врз кои се врши контролата законот да се почитува, а граѓаните доколку забележат прекршување на овој Закон да го искористат своето законско право поднесувајќи пријава до Државниот пазарен инспекторат“, вели директорот на Пазарната инспекција Горај Трајковски.
Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат дека ќе продолжат со контролите.
Летаат казни на сите страни за угостителските објекти: Дури 56 за краток период поради пушење во затворен простор
