Таравари откри: Или ќе влеземе во Владата или ќе има предвремени избори – трета опција нема









Таравари откри: Или ќе влеземе во Владата или ќе има предвремени избори – трета опција нема




Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вели дека постои можноста за влез на неговата партија во владиното мнозинство бидејќи тоа го бара меѓународниот фактор но и доколку граѓаните го побараат тоа од нив.




Тој во гостување на ТВ21 рече дека во моментов конкретна понуда нема но посочи дека доколку не станат дел од Владата тогаш ќе се оди на избори, а доколку се случи тоа може да победат анти – европски партии, а тоа ќе значи кочење на процесот на евроинтеграциите на земјава.




– Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот“, додава Таравари, во синоќешното гостување на ТВ21.




Темата за влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција се наметна во јавноста уште во септември лани, кога Таравари тогаш како в.д. претседател рече ако добие понуда, партијата ќе ја разгледа… Премиерот Димитар Ковачевски, пак, тогаш рече дека за секоја евентуална поддршка на неговата влада треба да се разговара.

error: Content is protected !!