Многу граѓани се изненадени и шокирани: Иако тие не – во нивно име е земен брз кредит, сега треба да го вратат









Голем број на хумани македонски граѓани станаа жр тви на дрска измама.




Разработена шема за злоупотреба, пеколен план и несовесна реализација на истиот. Повеќе идентитети на мажи и жени зад кои се крие едно лице, различни припејд бројчиња и приказни, а целта иста – да се изм амат граѓани кои сакаат да помогнат во хуманитарни акции.




Без официјална истрага од полицијата и оние кои земаат пари од народот да решаваат вакви случаи, почнаа да истражуваат луѓето кои дознаа за случајот. Следејќи ги врските за да се најде изма мникот или изма мниците, сите патишта ги однесоа во затворот Идризово. Затвореник кој иако е таму, очигледно ужива целосна слобода, стои зад овие дрски изм ами.

КУРИР се вклучи во раобличување на оваа голема из мама. Дел од изманипулираните граѓани ја контактираа нивната редакција, а понатаму истражувањето го продолжија со други вклучени лица.




Да почнеме со ред…

Живееме во време кога, за жал, на се повеќе наши сограѓани им треба помош. Собираме пари за лекување на деца и возрасни, за плаќање на сметки, за пакети со храна… Кој колку може и сака да помогне. Многупати сме докажале дека сме хумана нација и дека сакаме да помогнеме на оној кој има потреба од помош.




Но, за жал, во последниов период сме сведоци на бројни изм ами, на кои мораме да реагираме за истите да станат лекција за изма мниците, а не да разбудат дилеми и несигурност кај луѓето кои донираат.

Изма мата за која пишуваме денес не трае два дена или два месеци, туку, верувале или не – цели две години! Тоа се 24 месеци во кои граѓаните се жр тви, а надлежните не превземале ништо.




Човекот со “повеќе лица“ стапува во контакт со луѓе кои споделуваат хуманитарни апели на социјалните мрежи или се организатори на дел од нив. Пишува од различни профили на Фејсбук, машки и женски. Се претставува како лице кое сака да донира хуманитарно, но не живее во Македонија или е тука, но бара начин побрзо и полесно да “донира“.




На неговите “жр тви“ им вели дека сака да им прати пари на нивна сметка, за тие потоа да ги пренасочат и дадат во некоја од хуманитарните акции, каде се собираат пари. Ги убедува дека за да им прати пари преку банка тие треба да му ги испратат своите лични карти, поради потребните податоци. Граѓаните, верувајќи во неговата добра намера, му испраќале фотографии на кои се гледаат сите податоци од личната карта.

Дури им барал и на фотографиите да го има нивниот лик за да биде сигурен дека знае каде донира. Тука лежи клучот на една од изма мите – фирмите кои даваат брзи кредити за кои се аплицира онлајн, бараат токму вакви фотографии! Им барал и број на здравствена легитимација.




Измамените лица мислеле дека прават добро дело, а всушност поради непромисленост во даден момент станале жр тви на измама. Дел од нив тоа го сфатиле веднаш, а другите дури подоцна.

Со овие нивни информации, тој си аплицирал за брзи кредити и ги добивал истите. Парите не ги подигнувал во кеш, туку продолжувал со својата измамничка дејност.




Нарачувал клима уреди, телевизори, бела техника, разни апарати и преку неколку карго фирми барал да му се испратат на адреси во Скопје и во други градови. Дел од адресите биле непостоечки па вработениот во карго не можел да најде каде да ја достави пратката.

Со податоците на изма мениот купувал и картички со припејд бројчиња од операторите, подготвувајќи се за следната жр тва.

Сето ова, според нашите информации, го прави додека отслужува казна затвор!




-Имав споделено апел за помош и ме контактираше една жена од својот личен профил. Ми кажа дека сака да прати пари, но не живее во Македонија и нема македонски број за да може да донира на тој начин. Ми кажа дека чека пред Вестерн Унион и дека треба побрзо да и пратам податоци. Договорот беше, таа мене да ми префрли пари, а јас истите да ги дадам онаму каде што беше потребно за хуманитарната акција. Не знам како дозволив да бидам изма мена, не ми е прв пат да организирам акции и знам дека треба да ги штитам личните податоци, но ми се случи и мене из мама. Неофицијално дознав дека профилот на жената која мислев дека ми пишува, всушност бил хакиран од нејзиниот поранешен сопруг, кој сега е во затвор, вели соговорник на КУРИР.

Жената со која разговаравме, случајот го пријавила во полиција. Од таму добила одговор „И вас ли ве изма мија“? Не зеле изјава и не направиле записник.




Следното “жрт вено јагне“ сега има терет на грб кој со месеци треба да го исплаќа од семејниот буџет.

Од податоците кои ги пратил, измамникот зел брз кредит, без негово знаење. Парите не ги видел, но долгот заедно со каматата ќе треба да ги плаќа сам.

Со трето лице со кое стапивме во контакт разговаравме за изм амата која станала очигледна на многумина, но и за непостапувањето на одговорните, што му дава слобода на измам никот да продолжи да “опе рира“.




-Неколку лица пријавија во полиција дека се изм амени, но никаква заштита од МВР не добија. Од полициска станица ги препраќале правда да бараат на друго место. Им велеле „Зошто сте праќале информации“, „Леле и вас ве изм амиле“, „Види го овој, уште вака прави“… Исто и од каргото. Велат не знаеме кој и каде праќа пратки, а не е нивна работа да проверуваат кој од каде плаќа, вели соговорникот на КУРИР.

Целиот текст прочтајте го на Курир со клик ТУКА.

error: Content is protected !!