Не е само да се добие работа, некој треба и да ја сработи.
Но ние немаме ни квалификуван и обучен кадар, ни работници со желба да учат, се жали Маријана Перковска од Текстилниот кластер.
Текстилните компании што опстанаа и покрај короната и ценовниот шок на струјата имаат многу нарачки и работат со полн капацитет. Ова е добра вест за индустријата што учествува со 12,45 отсто во вкупното индустриско производство на земјата.
Но, лошата е што тешко се доаѓа до работна сила, односно работа има, ама доволно работници нема.
Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија, кој е и сопственик на светиниколската „Мода“ вели дека капацитетот им е максимално искористен.
– Сите текстилни компании имаат работа. Нашиот капацитет е искористен 100 проценти. Покрај редовно вработените земаме и работници од агенциите за привремени вработувања, затоа што имаме многу нарачки.
Како што е познато, текстилната индустрија речиси целосно работи лон-производство, што значи дека добиваме суровини и шиеме за познати компании од странство.
Засега има добра продажба, нашите партнери одлично продаваат. По стивнувањето на короната, стигнуваат големи нарачки – изјави за „Слободен печат“, Димитров.
За 100 долари плата во Македонија работници доаѓаат од Филипините, Бангладеш, Турција и Албанија
Недостатокот и огромниот одлив на работна рака Македонија ќе го компензира со увоз на работници од Турција, Албанија, но и некои азиски земји, потврдуваат од организацијата на работодавачи…
За 5.650 денари плата во Македонија доаѓаат работници од Албанија, Турција, но и Бангладеш
