Бугарите масовно ќе дојдат на 4 февруари во Македонија да го одбележат роденденот на Гоце Делчев – еве во кој град









Бугарите масовно ќе дојдат на 4 февруари во Скопје да го одбележат роденденот на Гоце Делчев




Бугарската фондација „Македонија“ ги кани сите Бугари, бугарски политички партии и невладини организации заедно да ја одбележат 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари оваа година од 12 часот по македонско време.




„За таа цел обезеден е транспорт со автомобили за сите кои сакаат да дојдат. Да одиме масовно во Скопје и сите заедно да го одбележиме раѓањето на нашиот национален херој Георги Делчев.“




Ова е објавата на бугарската фондација која очигледно најавува масовна „офанзива“ на Бугарите во Скопје на 4 февруари кон Св. Спас каде се наоѓа саркофогат во кој почива македонскиот херој кого Бугарите го присвојуваат, што веројатно ќе предизвика нови непријатни чувствува во Македонија.

error: Content is protected !!