Репрезентацијата на Македонија е на чекор од елиминација на Светското првенство во ракомет, откако во решавачкиот дуел против Аргентина имаме убедлива негатива од 18:11.
На овој дуел нашата репрезентација мора да победи, за да остане на 3-та позиција која носи во следната рунда. Нерешен резултат исто така не е во наша корист односно ќе ги однесе Аргентинците понатаму.
Македонија само добро го започна дуелот, кога поведовме со 1:0 и тоа беше единствениот пат кога бевме во позитива на средбата. Аргентина постигна два гола и за прв пат дојде до предност од 1:2, се играше гол за гол до 4:5 за Аргентина, а потоа со серија од 4:0 „гаучосите“ веќе дојдоа до солидни 4:9.
По оваа комотна предност, Аргентина продолжи со својот стил на игра, ние останавме и натаму бледи во одбраната, каде не можевме да ги запреме, а тие продолжија да ја полнат мрежата на Митревски односно Томовски.
Во вториот дел се надеваме на ЧУДО. Потребна ни е победа.
Лошо ни се пишува: Аргентина премоќна по првиот дел со Македонија – потребно е чудо во продолжение
