Нова опасна вест само што се потврди: Младо момче исчезна во водата – полицијата трага по него

Нема крај на лошите вести. Сепак, оваа може да заврши и добро, сите се надеваат дека младото момче ќе биде пронајдено живо и здраво.

За што се работи прочитајте веднаш по рекламата:

Драма кај Жабља: Млади човек не испливал од реката, нуркачката екипа на полицијата трага по него

Младо момче на возраст од 23 години околу 17 часот и 40 минути влегол во реката и не испливал во викенд населбата Чикмеже кај Жабља.

Ангажирана е нуркачката екипа на полицијата која е на терен и го бара младото момче.

Повеќе вести за Србија:

Србија и Македонија ќе потпишат меморандум за соработка за евроинтеграциите

Србија и Северна Македонија немаат лесен пат кон Европската Унија и имаат многу допирни точки за заеднички да работат и заедничка да разменат искуства, поради што двете држави за таа цел ќе потпишат меморандум за соработка за евроинтеграции, договорија на денешната средба во Белград во рамки на Отворен Балкан, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, јави допсиникот на МИА од Белград.

Маричиќ по средбата изјави дека со задоволство се прифаќа идејата да се направи меморандум за соработка и тој да се надгради во контекст на новата методологија и кога Македонија ги започна преговорите, што ќе биде корисно и за двете држави, оти ако работиме заедно ќе можеме да напредуваме побрзо и да имаме подобри резултати за нашите граѓани.

„Северна Македонија и Србија покажаа многу во реформите и решавањето на тешките прашања, и сметаме дека се покажавме како кредибилен партнер на Европската унија и покажавме солидарност со ЕУ,“ изјави Маричиќ на прес – конференцијата по средбата.

Тоа, како што посочи вицепремиерот Маричиќ, ни дава право да побараме да бидеме вклучени во решавањето на сегашните и идните кризи поврзани со енергетското снабдување, со снабдувањето со храна и струја.

„Сето ова се прашања кои се поврзани со опстојувањето на нашите граѓани во овој тежок период што ни престои. Бидејќи се покажавме како кредибилен партнер на ЕУ и очекуваме од неа да не вклучи во идните планови за решавање на овие проблеми за државите членки на Унијата,“ изјави Маричиќ.

Српската министерка Јадранка Јоксимовиќ рече дека им честитала на Македонија и Албанија за отворањето на преговорите за членство во ЕУ, и дека Србија „земајќи во предвид какви се таа политички барања имала кои го одолжиле нејзиниот пат, го разбира тешкиот пат што го измина Северна Македонија и низ што се помина за да ја постигне целта.”

„Ние разговаравме и за бројни проекти финасирани од ЕУ во рамки на Европскиот инвестициски план за Западен Балкан, за гасниот интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, што во овој момент е од исклучително значење за граѓаните и кои се предизвиците пред нас,“ изјави Јоксимовиќ.

Таа кажа и дека на Скопје му е понудена секаква помош во преговарачкиот процес со ЕУ и дека утре во рамки на политичкиот дел од Отвoрен Балкан ќе се одржат важни панели кои ќе се однесуваат на европските проекти, вклучително и на гасниот интерконектор меѓу Србија и Македонија, но и енергетските прашања и снабдувањето со храна.

Ховениер го поздрави мирниот почеток на спроведување на косовско-српскиот договор за личните исправи

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер го поздрави мирниот почеток на спроведувањето на договорот меѓу Косово и Србија за слободно движење на граѓаните од едната во другата држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ховениер на својата официјална страница на Твитер напиша дека „слободата на движење е суштествена за нормализацијата на односите со крајна цел меѓусебно признавање на Косово и Србија“.

Американскиот амбасадор изрази надеж дека во наредните месеци ќе има нов напредок во преговорите меѓу Приштина и Белград.

– ГО ПОЗДРАВУВАМЕ МИРНИОТ ПОЧЕТОК НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ДОГОВОР, ПОСТИГНАТ СО ПОСРЕДСТВО НА ЕУ, ЗА ВЛЕЗНО-ИЗЛЕЗНИТЕ ДОКУМЕНТИ… СО НЕТРПЕНИЕ ОЧЕКУВАМЕ НАПРЕДОК ВО ДРУГИ ПРАШАЊА ВО НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ, НАПИША ХОВЕНИЕР.

Од денеска, 1 септември, стапи во сила одлуката на Владата во Приштина за реципроцитет кон Србија во однос на патните документи. Косовските, како и српските медиуми известуваат од граничните премини дека договорот се спроведува без никакви проблеми од граничните власти на двете држави, а граѓаните кои ја преминуваат границата изразуваат задоволство поради поедноставувањето на процедурите.

Со посредство на емисарите на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак (специјален пратеник на Брисел за дијалогот меѓу Белград и Приштина) и Габриел Ескобар (специјален пратеник на Вашингтон за Западен Балкан), кои минатата недела ги посетија двете држави, властите во Косово и Србија се договорија целосно да ги укинат дополнителните процедури за премин на граѓаните од едната во другата држава. Тоа значи дека од синоќа на полноќ нема да се издаваат дополнителни времени патни документи, како што тоа досега, во изминатите 11 години, беше пракса од српска страна и како што сакаше да го воведе како реципроцитет косовската страна.

Вучиќ и Рама на Винска визија Отворен Балкан: Имаме со што да се гордееме

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград изјави дека денеска е голем и посебен ден и дека на саемот нема човек кој не насмеан, јави дописиникот на МИА од Белград.

Тој истакна дека има посетено многу европски саеми, но дека малку места во Европа го направиле тоа така добро како Отврен Балкан во Белград.

– ИМАМЕ МНОГУ ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ И СО ОНА ШТО ГО НАПРАВИВМЕ, ЗАЕДНО ПОКАЖАВМЕ НЕ САМО ДЕКА МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ДЕЛ ОД СВЕТОТ, ТУКУ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ ВО МНОГУ РАБОТИ И ДА БИДЕМЕ ПОДОБРИ ВО РАЗЛИЧНИ СФЕРИ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ И ВО СИТЕ ВАЖНИ РАБОТИ, НАГЛАСИ ВУЧИЌ.

Тој рече дека денеска се гледа колку е важна и отворена иницијативата Отворен Балкан.

Вучиќ истакна дека е задоволен затоа што, и покрај тоа што септември е тежок за винарите, на саемот во Белград се собраа винари од Србија, Северна Македонија, Албанија, Италија, Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и многу други земји.

Тој ги повика граѓаните на Белград и Србија од денеска попладне до недела да дојдат да ги вкусат најдобрите вина од регионот и светот.

– ДЕНЕСКА БЕЛГРАД И ОТВОРЕНИОТ БАЛКАН СЕ СВЕТСКА ПРЕСТОЛНИНА НА ВИНОТО, А ГОСТИТЕ ГИ ПРЕЧЕКУВАМЕ СО ОТВОРЕНО СРЦЕ, НАГЛАСИ ВУЧИЌ.

Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Саемот за вино рече дека регионалната иницијатива Отворен Балкан е многу повеќе од економија и трговија, но и многу повеќе од политика.

– ОТВОРЕНИОТ БАЛКАН Е ПРОИЗВОД НА МИРОТ КОЈ ЌЕ БИДЕ ОДРЖЛИВ, ПРОЕКТ НА ЕДИНСТВО ВО МИР СО ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА, ЗА ОВА МАЛО СОСЕДСТВО ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА ПОВЕЌЕ ДА НЕ СТРАДА ОД ОСТАТОЦИТЕ ОД МИНАТОТО, ТУКУ ДА СТАНЕ МЕСТО НА ИДНИНАТА НА НАШИТЕ МЛАДИ, РЕЧЕ РАМА.

Тој изјави дека решил да не го чита говорот што му бил напишан, а кој започнал со тоа што во Албанија првото вино го направиле уште во бронзеното време и истакна дека не знам колку е тоа точно, но дека знае дека изгубивме многу време во докажуваме кој бил најстар, кој прв направил нешто и кој полага право да живее овде.

Тој наведе дека сите научивме дека од овде никој нема да оди никаде на друго место, бидејќи ние ќе останеме овде и по многу векови.

– НАШИОТ ИЗБОР Е ЕДНОСТАВЕН, КАКО МОЖЕМЕ ДА ОСТАНЕМЕ НА ОВОЈ ПРОСТОР И ДА БИДЕМЕ ЗАЕДНО ВО ИСТО ЕВРОПСКО СОСЕДСТВО ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ПОМИРНО ЗА НАШИТЕ НАРОДИ ИЛИ МОЖЕМЕ ДА ФРЛАМЕ КАМЕЊА ЕДНИ НА ДРУГИ И ДА СЕ ПОДМЕТНУВАМЕ ЕДНИ НА ДРУГИ, КАКО ШТО ТОА ГО ПРАВИМЕ СО ГОДИНИ, РЕЧЕ АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР.

Рама изјави и дека саемот Винска визија на отворен Балкан е на високо европско ниво.

Повеќе од 350 компании од 39 земји закажаа 420 деловни средби во рамки на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, што трае до 4 септември.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

Настанот ја собира винската елита, најеминентните винари, лозари, мајстори на визби, енолози, сомелиери, дистрибутери и трговци со вино и ќе го промовира Балканот како оригинална туристичка и географска дестинација и богатството на автохтони вински сорти.

error: Content is protected !!