(ВИДЕО) Огнот брзо се шири: Се мобилизираат сите пожарникари и волонтери во источна Македонија – ова се деталите









Нов голем пожар беснее во Македонија. Овојпат пожарот се шири во источниот дел од државата.




Кочанско поле е во пламен. Огнот веќе е на неколку метри до првите куќи во село Грдовци, велат луѓето од терен.




ТППЕ Кочани известува дека во периодот од 13:00 часот до 16:15 часот интервенирала на запалено стрниште помеѓу селата Грдовци и Мојанци.




Поради силниот ветер пожарот брзо се ширел и гасењето било отежнато. Во гаснењето на пожарот учествуваат 11 пожарникари со 6 ПП возила како и 8 членови од ДППД со 1 ПП возило.




Опожарена е површина со сува трева од околу 30 ха, а пожарот зафатил и неколку помошни простории (плевни) и една машина (балирачка).

error: Content is protected !!