Поранешниот претседател на Либерална партија и актуелен иницијатор на граѓанското движење „Нова република“, Иван Величковски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потпишале дека нема да го менуваат Уставот на Република Македонија.
Но, според Величковски, во последниве години таква држава не постои, односно постои Република Северна Македонија, па затоа сите знаат дека ова е игранка.
„Дајте бе луѓе ве молам, гласот на пратеникот не зависи од меница или изјава на нотар. Второ, да се присетиме, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потпишаа дека нема да го менуваат Уставот на Република Македонија, во последниве неколку години таква држава не постои, ттуку постои драва по име Република Северна Македонија. И сега сите знаеме дека тоа е обична игранка!“
„Пред околу месец дена пишав, или Христијан ќе престане да го следи Димитар, или ВМРО-ДПМНЕ ќе престане да го следи Мицкоски. Тој процес внатре кај нив, исто така постои, но тоа не значи дека е видлив, тоа не значи дека многу е активен. Таа партија секогаш успевала во добар дел да ги држи своите внатрешни кавги прикриени, но ниедна кавга не останува вечно прикриена“, истакнува Величковски.
Според него, државата без Европската Унија е практично нефункционална, а тоа доколку не го чувствува раководството на партијата, го чувствуваат членовите од третиот или четвртиот ешалон.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потпишаа дека нема да го менуваат Уставот на РМ, но таква држава не постои, сите знаеме дека е обична игранка, вели Величковски
