Првите српски доброволци почнаа обука за борба во Запорожје на страна на Русија, пренесе РИА Новости









Првите српски доброволци во областа Запорожје ја почнале обуката за борба во тој украински регион кој Русија го прогласи за анектиран, јави денес руската агенција РИА Новости.




Агенцијата наведува дека српските доброволци ја почнале обуката во рамки на Доброволниот баталјон Судоплатов.




„Српски доброволци, заедно со борци од Русија, учествуваат во сите борбени вежби на еден од полигоните за обука во областа Запорожје за учество во специјалната воена операција (на Русија во Украина)“, се наведува во текстот.




Рускиот државен медиум РТ, кој неодамна почна со работа во Србија, објави пред две недели оглас за руската приватна безбедносна група Вагнер за регрутирање доброволци за војната на Русија против Украина.




Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави синоќа дека тој оглас на групата Вагнер „не е фер“ и дека законот им забранува на државјаните на Србија заминување на странск боишта.




Во Србија со закон се предвидени казни и за поединците и за групите кои заминуваат да војуваат, но и за оние кои „врбуваат или поттикнуваат“ други да одат на странски боишта.

Според кривичниот закон на Србија, за учество во оружени конфликти пропишаната казна затвор е од шест месеци до пет години, а осум години ако делото е направено во рамки на група. За организирање на заминување казната изнесува до десет години затвор.

error: Content is protected !!