Познат идентитетот на напаѓачот на аргентинската потпретседателка: Откриени шокантни детали

Аргентинските безбедносни власти го потврдија идентитетот на човекот кој се обиде да пука во аргентинската потпретседателка и поранешна претседателка Кристина Киршнер од непосредна близина. Станува збор за Бразилецот Фернандо Андрес Сабаго Монтиело, 35 години.

Монтиел е роден во главниот град на Бразил, Сао Паоло, син е на Чилеанец и Аргентинец, но повеќе од 20 години живее во аргентинската населба Вила дел Парке. Тој порано работел како таксист, но моментално е невработен, а веќе и е познат на полицијата и неговиот извод од матична книга на родените кружи низ бразилските медиуми.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека 35-годишниот напаѓач има тетоважа на Црното сонце на лактот, нордиски симбол преземен од нацистите, а потоа и од окултното друштво Туле, група основана од богати аристократи и буржоази кои ja бранеа надмоќта на ариевската раса. Податоците покажуваат дека од 1918 до 1922 година извршиле триста политички злосторства.

Поранешната претседателка на Аргентина во четвртокот со својата официјална придружба пристигна пред својот дом на улицата Јункал во луксузниот кварт Реколети во Буенос Аирес кога Монтиел извади пиштол и го повлече чкрапалото, но пиштолот не пукаше.

Набргу по нападот, портпаролот на полицијата соопшти дека во близина на резиденцијата е уапсен вооружен маж, а „на неколку метри од местото на настанот е пронајдено оружје“. Монтиел беше одведен во затворот на аргентинската федерална полиција во Вила Лугано, а неговиот случај сега е во рацете на федералниот судија Марија Еугени Капучети.

Стотици активисти се собраа од минатата недела пред куќата на Кристина Кирхнер (69), обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз, за ​​време на нејзините два претседателски мандати (2007-2015).

Повеќе за Аргентина:

Името на Аргентина доаѓа од латинскиот збор argentum (сребро). Тој збор влече корени од старогрчкиот збор ἀργήντος (argēntos), “бело, сјајно”. Αργεντινός е старогрчки епитет што значи “сребрен”. Првите кои го употребиле зборот Argentina се Шпанските и Португалските колонизатори на Рио де Ла Плата во 16 век. Рио де Ла Плата значи “Сребрена Река” на шпански јазик.

Територијата на денешна Аргентина била ретко населена пред доаѓањето на европските колонисти. Индијанскиот народ Диагуита живеел на овие простори во денешна северозападна Аргентина, во соседство со Империјата на Инките, а недалеку, односно источно живеел и опстојувал народот Гварани.

Колонијална ера

Поврзано: Шпанска колонизација на Америка

Првите Европејци на оваа територија стапнале во 1502 година, на чело со Америго Веспучи. Шпанците основиле стална колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес во 1580 година, како дел од Вицекралството Перу. Вицекралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светото Римско Царство на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франциско Пизаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.

По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Ова вицекралство било формирано во 1776 година по неизиното одвојување од Вицекралството Перу. Целта на формирањето била заштита на шпанските колонии од се почестите англиски и португалски амбиции за овој регион.

Веќе во 1810 година започнало пропаѓањето на вицекралството по објавувањето на независност на Аргентина и Уругвај во 1810 година под името Соединетите покраини на Рио де ла Плата а во 1816 година објавила и независност, потоа Парагвај во 1811 година, Боливија во 1825. Уругвај пак во периодот од 1816 до 1828 година се борел против Бразил и Португалија кои сакале оваа територија да ја приклучат кон нивната држава.

Во втората половина на 19 век, Аргентина се развила главно поради својата добра географска положба и пред сè излегувањето на море. Во периодот од 1865-1870 година, Аргентина заедно со Бразил и Уругвај воделе војна против Парагвај.

Во текот на модерната историја на Аргентина, на чело на земјата застанале поголем број на избрани власти и воени диктатури. Социјалните и политичките прилики довеле до доаѓање на власт на Хуан Доминго Перон во 1946 година. Самиот Перон спровел агресивна политика во земјата, главно насочена кон зајакнување на земјата. Хуан Доминго Перон на власт се задржал до 1955 година, кога на негово место застанал со воен удар Едвардо Лонарди. Перон бил принуден во прогонство и покрај тоа што останал многу популарен во земјата.

Во текот на 1960-тите, власта се обидела да се соочи со проблемите околу економскиот раст на земјата и социјалните проблеми. Во следните години владееле голем број на немири помеѓу приврзаниците на Перон и неговите непријатели. Така, на крај Перон се вратил од прогонство и на изборите во 1973 година победил на изборите. Тој починал во 1974 година, а власта по ова била преземена од страна на милитаристите. Земјата и во следните години се соочила со неповолната економска состојба.Овој период од историјата на Аргентина е познат и како гнасен или валкан период, во кој биле убиени и затворени голем број на неистомисленици на воената диктатура, проследено преку кршење на основните човечки права. Се смета дека жртви на режимот биле околу 10.000 до 30.000 население. Сепак, милитаризмот на Аргентина дошол во криза главно поради нерешените економски проблеми на народот.

Во 1982 година се водела Фолкландската војна помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976.[8] Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островите[9], но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила.[10] Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик,[11] ја наредила инвазијата на островите за 2 април. Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.[12] Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија.[13][14] Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.

По крајот на војната, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно биле вратени политичките слободи па од 1983 година биле распишани демократски избори.

Аргентина зафаќа површина од 2.766.889 км2, од кои 2.736.691 км2 на копно и 30.200 км2 на вода. Аргентина е приближно 3.700 км долга од север до југ, и 1.400 км од исток до запад. Земјата, географски може да биде поделена на четири делови: од плодните полиња на пампас во центарот на државата, изворот на аргентинското земјоделско богатство; рамната, богата со нафта висорамнината Патагонија во јужната половина на Огнената Земја; Суппропските рамнини на Гран Чако во северот; и верижниот Андите во должина на западната граница на Чиле.

Највисоката точка на Аргентина е сместена во Мендоза. Аконкагва, на 6.962 метри е највисоката планина во Јужна Америка и во западната полутопка. Најниската точка е Лагуна дел Кабон во Санта Крус, −105 метри под морскота ниво. Ова е најниската точка во Јужна Америка.

Земјата има терироријална претензија врз дел од Антарктикот (непризнаена од ниедна земја) каде, од 1904 г. до денес има постојано присуство.

error: Content is protected !!