(ВИДЕО) ВО ЖИВО: Гори автомобил во центарот на Скопје – погледнете што се случува
Гори автомобил во центарот на Скопје. Се почести се глетките во главниот град во државата, каде автомобили во движење се запалуваат, поради што настанува паника во сообраќајот.
Според последните информации кои ги имаме од лице место, во близина на Собранието повторно се запалил автомобил, а како што може да се забележи и од самото видео, бојата на автомобилот е сина.
На лице место интервенира противпожарна екипа на Скопје, а среќа е што патниците брзо го напуштиле автомобилот веднаш откако се појавил оган.
Причинета е само материјална штета.
(ВИДЕО) ВО ЖИВО: Гори автомобил во центарот на Скопје – погледнете што се случува
