Астронаутот од канадската вселенска агенција, Дејвид Сен Жак, покажа што се случува со медот кога нема гравитација.
Астронаутот поминал 204 дена во Меѓународната вселенска станица, каде што, меѓу другото, спровел научни експерименти за да го разбуди интересот на младите за науката.
Мед „без тежина“
Во едно од видеата покажува што се случува со медот кога нема гравитација. Во видеото, тој ја отвора теглата и вели: „Ќе ви го покажеме необичното „однесување“ на медот во нулта гравитација’“.
Додека го крева капакот, медот останува залепен за него, но и теглата. Потоа го завиткува капакот и медот почнува да се витка.
„Чудни работи се случуваат кога ќе ја отстраните гравитацијата“, вели тој со насмевка на лицето.
Видеото има повеќе од 59 милиони прегледи, а луѓето во коментари пишуваат дека играњето со храна добива сосема нова димензија во вселената.