Сали за Апасиев: Знам каква терапија ти треба – еве JABHO откривам









Министерот за здравство, Беким Сали реагираше на постот на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој тој го сподели а во кој се вели дека Сали унапредил 17 лица од кои 14 се Албанци и тројца Македонци.




Според Сали, во министерството што го раководи „секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи“.




„Апасиев треба сериозно да бара лек против албанофобија. Иако имаме добар кадар на клиниките, за жал Министерството за здравство се уште не открило лек за албанофобија, изјави министерот за здравство Беким Сали. Во министерството што јас го раководам секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи, а не според партиската и политичката определба“, реагираше Сали.




Золви, снаи, другари на политичари: Сали унапредил 14 Албанци и 3 Македонци во Здравство




Дури 14 од унапредените вработени во здравството од страна на министерот Беким Сали се Албанци, а само три лица се Македонци и тоа снаа, золва и друго блиско лице на еден поранешен министер за здравство.




На списокот нема Турчин, Ром, Бошњак, Србин, Влав или од некое лице од друга заедница.

Како што објави „Експрес“, една е золва на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, другата е снаа за брат на Гордана Трајкова Мајнова кадар на СДСМ од времето на министерот Владо Димов, како и лице кое е кадар на Никола Тодоров, сега близок на СДСМ.

error: Content is protected !!