,,Бог се јави“, верниците денеска го слават празникот Богојавление Водици.
Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар.
Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.
Инцидент се случи во водите на Крива река за време на фрлањето на Светиот крст.
Поголема група на млади момчиња кои се фрлија по крстот, почнаа да се борат за крстот и за малку ќе ескалираше ситуацијата.
И покрај апелите на свештеното лице кое го фрли крстот, младите момчиња продолжија да се тегнат и да се влечат.
Видео може да погледнете на следниот линк