УКИНУВАЊЕ на границите со Србија и Албанија, Ковачевски има супер идеја – дали ќе се реализира?

Денес е повеќе од јасно дека Република Северна Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент. Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конркетни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит Отворен Балкан во Белград.

Тој во своето обраќање нагласи дека оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата.

– Со договорите кои ќе ги потпишеме денеска, ќе се обврземе за достапност на храна до нашите граѓани, прво меѓусебе да си помогнеме секаде каде е потребно. Добро е што на овој Самит одоговараме за можностите за соработка и во областа на енергетиката. Постојат потенцијали за развој во рехабилитирање на интерконекциските врски за зголемување на можностите за електроенергетска размена и за соработка во делот на изградба на фотонапонски централи, рече Ковачевски додавајќи дека во наредниот период треба да се интензивираат активностите за реализација на гасната интерконекција со Република Србија.

На овој Самит, како што информира премиерот, ќе се потпише договор за оперативен план за справување со катастрофи со кој ќе се овозможи олеснување на процедурите и скратување на времето потребно за помош таму каде што е најпотребно. Со потпишување на меморандумот за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности меѓу трите држави, според Ковачевски ќе се поттикнат инвцестиции во кинематографскиот и аудиовизуелниот сектор.

– Отворен Балкан се покажа како неопходен. Сме и ќе бидеме во итнензивна регионална соработка, рече Ковачевски.

Во своето обраќање тој го покрена прашањето околу границите меѓу овие три земји.

– Ние сме веројатно сме единствениот регион во светот кој има граници меѓу себе. Сметам дека наша цел треба да биде комплетно укинување не само на административните бариери на границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, туку и комплетно кревање на рампите и правење регион кој стопроцентно комуницира помеѓу себе по сите основи, подвлече Ковачевски.

Со поздравни обраќања на премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Белград започна лидерскиот Самит „Отворен Балкан“.

-Справувањето со енергетската криза, снабдувањето со храна и подобрувањето на регионалната соработка и инвестициската околина се денешните важни теми за разговор, напиша на официјалниот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во Палата Србија ќе се одржи политичкиот дел од Самитот „Отворен Балкан“, по кој српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама ќе одржат прес-конференција. На него ќе присуствуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.На Самитот, како што е најавено, дел од ресорните министерства на трите држави ќе потпишат договори меморандуми за соработка и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

Вучиќ: Ако се забрани извоз на одредени производи, тоа нема да се случи во земјите од Отворен Балкан

Од успехот на овој проект зависи колку ќе успееме да ја осигураме економската иднина на нашите земји, но и да го сочуваме мирот, порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска претседава со Самитот „Отворен Балкан“, на кој учествуваат и македонскиот и албанскиот премиер.

„Сигурен сум дека органите на нашите три држави ќе продолжат да работат на модернизирање на инфраструктурата, како што тоа го прави Србија на Прешево, со што значително ќе го забрзаме прометот на границите“, рече Вучиќ

Тој нагласи дека со посебни спогодби, во случај да дојде до забрана на извоз на одредени производи тоа нема да се однесува на другите членки на Отворен Балкан.

Вучиќ се заблагодари и на гостите од регионот, на министерот за надврешни работи на Унгарија Петер Сијарто и на неговиот турски колега, Мевлут Чавушоглу кои сакаат да градат пријателство со нашите три земји.

Според него, никогаш не се обрнувало повеќе внимание ни енергија на оспехот на овој проект Отврен Балкан.

„Се надеваме дека иницијативата Отврен Балкан и понатаму ќе придонесува за економско поврзување, но и ќе пружи можност во регионот да говориме со еден глас кога се работи за клучните прашања во нашите земји. Досегашниот прогрес не е мал, но ми се чини дека секогаш можеме подобро, побрзо и посилно“, порача Вучиќ.

Документите кои денеска ќе бидат потпишани се резултат на досегашната соработка, а Вучиќ рече дека воспоставувањето на зелениот коридор доведе до зголемување на трговската размена од 17 отсто.

Чавушоглу: Отворен Балкан ја гледаме како мост помеѓу Балканот и ЕУ

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во своето денешно обраќање во рамки на самитот на Отворен Балкан во Белград рече дека војната во Украина покажало колку државите, но и цела Европа може да бидат ранливи при такви конфликти и ја потенцираше важноста од формирањето на Иницијативата Отворен Балкан.

„Иницијативата Отворен Балкан ја гледаме како мост помеѓу Балканот и ЕУ. Во минатото проширувањето беше една од најуспешните политики на ЕУ, но ЕУ почна да гледа навнатре и тесните политички надвладеаја над проширувањето. Никој не може убаво да објасни зошто Албанија и С Македонија чекаа толку долго. Им честитаме и на двете земји. Драматично е што војната во Европа нѐ потсети на важноста од проширувањето“, рече Чавушоглу.

Синот на Вучиќ ги служеше со вино Ковачевски и Абазовиќ

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, кој работи во винотека, синоќа на винскиот саем во рамки на „Отворен Балкан“ во Белград ги послужи со вино македонскиот и црногорскиот премиер – Димитар Ковачевски и Дритан Абазовиќ.

Вучиќ имаше забелешки кон својот син дека во последно време станал мрзелив, додека на овие коментари Ковачевски и Абазовиќ мудро молчеа.

Тука требаше да помогне син ми, но изгледа станал мрзелив…Зошто не помагаш, го праша Вучиќ својот син, а потоа продолжи:

– Понудете ги гостите, послужете вино, дајте чаши.. Тој работи во таа винарија, добра винарија е, син ми знае да послужи и се… Гледате како знае колку да налее. .додаде српскиот претседател.

error: Content is protected !!