(ВИДЕО) Кавга меѓу владици на МПЦ- ОА: Еве ја причината, погледнете како изгледаше сето тоа









За Братството од Бигорскиот манастир тоа што го говори владиката Петар е сериозна клевета во која нема ни трошка вистина и говор полн со омраза кој поттикнува на јавен линч – нешто што не му приличи на еден духовен водач и подлежи на кривична одговорност




Владиката Петар предизвика жестока реакција од Братството на Бигорскиот манастир откако во своето синоќешно гостување на ТВ Сонце ги нарече парацрквена структура предводена од епископот Партениј.




Тие во текст на веб страницата на манастирот објавен вечерва под наслов Апел , изјавите и ставовите на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар ги окаракатеризираа како клевети, неосновани тврдења и злонамерни инсинуации.




„Тој владика јавно злословеше дека Бигорскиот Манастир бил некаква си „парацрква“, притоа земајќи си слобода да критикува епископ и манастир што не се во негова надлежност – нешто што не е во согласност со црковните канони. Се разбира, оваа сериозна клевета нема ни трошка вистина во себе и вие тоа најдобро го знаете, бидејќи ние како монашка заедница сме нераскинлив дел од нашата најсвета Црква, на којашто доброволно сме ѝ ги посветиле своите животи во жртва и послушание“, се вели во реакцијата.




Понатаму, додаваат од Братството на Бигорскиот манастир, тој владика инсинуира мислење дека ние сме небаре предавници и кривоверци, бидејќи, според неговите зборови, имало „проблем со парацрковната структура на Бигорскиот Манастир, кои и по националноста знаеме кај тргаат, и по нивната духовна ориентација и така натаму“.




„Во врска со ‘нашата духовна ориентација’, ќе ги потсетиме загрижените дека ние сме православна монашка заедница, која верува и ги исповеда догмите на едната, света, соборна и апостолска Црква, учењето на Светите Отци на Православната Црква и одлуките на Вселенските Собори. А во однос, пак, на нашата националност – иако и ова прашање влегува во делот од интимата на секоја личност – ние, сепак, за да нема дополнителни недоразбирања, јавно објавивме дека своето граѓанско право на изминатиот попис го исползувавме, за да ја декларираме својата македонска национална припадност“, се нагласува во реакцијата.




Според правните дефиниции, додаваат од Братството, ваквиот настап на Митрополитот се толкува како говор на омраза и како поттик и повик за јавен линч – нешто што не му приличи на еден духовен водач и подлежи на кривична одговорност.

„Згора на сѐ, сметаме и дека ваквите повеќекратно изнесени невистини во јавниот дискурс, придонесуваат за создавање на неединство, конструираат дух на осуда – што не е прифатливо и е спротивно на православниот етос и значат неоснована деградација и дискриминација на нашите манастири пред јавноста, но се и повод за поделба и раскол меѓу верниците во Црквата“, додаваат од Братството на Бигорскиот манастир.

Целиот текст на „360степени“ – клик ТУКА.

error: Content is protected !!