(ВИДЕО) 95.000 денари достигна на лицитација крстот во Црквата во штипско Ново Село – познато во чии раце заврши









На утринската литургија во двете цркви во Штип пред положувањето на крстот во водите на река Брегалница, традиционално се одржа и лицитација на крстот.




Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село лицитацијата почна со 1.000 денари, а крстот замина во домот на семејството Пуриќ за 95.000 денари.




Крстот во домот на семејството останува 40 дена, а ваква традиционална лицитација се одржува и во цркви од други градови од државата, како што, на пример, во Кочани се одржа лицитација на икони од страна на верниците.




-Плаќаме сметки струја, овие пари ќе останат во црквата како донација, да не мислите дека некој ќе ги земе,- рече попот кој ја држеше лицитацијата.




Видеото погледнете го во продолжение од регионалната телевизија М-Нет:

error: Content is protected !!