Авион на Бугарија тргна кон Охрид: Ќе го зема повредениот Христијан – се бараат донатори за крв









Авион на Бугарија тргна кон Охрид: Ќе го зема повредениот Христијан – се бараат донатори за крв

Според МВР инцидентот започнал во угостителски објект во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Секретарот бил пренесен во охридската болница каде што му констатирале тешки телесни повреди.




За случајот е известен и јавен обвинител кој заедно со СВР Охрид презема мерки за негово расчистување, по што ќе има и пријава.




„Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во Центарот за култура. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани“, ова го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за „Бугарија наутро“.




Амбасадоката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи во Софија каде што ќе и биде врачена протестна нота како реакција од официјална Софија на нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.




Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски информираше дека специјален авион веќе е на пат кон Охрид, од каде ќе го земе повредениот Пендиков и ќе го однесе во Бугарија, а притоа вели дека ќе биде потребна и донација од крв.




-Спартански авион на воздухопловните сили на Република Бугарија веќе е во воздух, на пат кон Охрид. Вечерва Христијан ќе биде на ВМА (Воено медицинска академија). Ќе му треба крводарување, вели Џамбаски.

error: Content is protected !!