МАКЕДОНИЈА: Со Голф удрил момче во инвалидска количка

Автомобил „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.М. на 60 години од Тетово, удрил во електрична инвалидска количка управувана од 24-годишнито Г.М. од Тетово.

Несреќата, информира МВР, се случила вчера вечерта на бул.„Илинденска“ во Тетово.

Во несреќата со повреди се здобил Г.М., констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршил увидна екипа од СВР Тетово.

Извадок на дел дневните настани 02.09.2022

На 01.09.2022 во 17.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.Н.(30) од Штип. Тој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор. Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“. По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2022 во 18.00 часот во атарот на гостиварско Србиново, во месноста „Запоѓе“, полициски службеници на СВР Тетово-Одеделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Д.(40), Ш.Д.(35) од ова село и Б.С.(41) од Република Албанија затоа што биле затекнати додека со моторна пила бесправно сечеле дабови дрва. Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар, а одземена им е пилата и поголема количина дрва. Подоцна, албанскиот државјанин бил предаден во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реaдмисија за натамошна постапка затоа што го злоупотребил и туристичкиот престој на подрачјето. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2022 во 19.15 часот на улица „Илинденска“ во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Ф.(26) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2022 во 17.45 часот на подрачјето на Центар- Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(24) од Штип затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2022 во 16.30 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес во просторија каде се сместени осудените лица П.Т., А.Д., И.С. и Ѓ.В. била пронајдена кафеава прашкаста материја и вага. Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и прашкастата материја и вагата биле одземени за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (01.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 217 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, 11 мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците…

Во текот на вчерашниот ден (01.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 28 возачи. Од нив 21 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 7 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 01.09.2022 околу 18.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Јоска Јорданоски”, кеј „1-ви Мај” и „Бранко Секулоски Белата” во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(38) од Прилеп, удрило во велосипед управуван од К.С.(53) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.С., констатирани во Градска болница Прилеп.Увид извршила екипа на ОВР Прилеп.

На 01.09.2022 околу 23.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „мерцедес Е220“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.С.(37) од Штип, изгубило контрола и удрило во сообраќаен знак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ј.(37) од Штип, а со телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатникот В.Ј.(19) од с.Радање, општина Карбинци, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

На 01.09.2022 во 09.10 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека на патот Македонска Каменица-Делчево, во атар на с. Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(69) од с.Саса, општина Македонска Каменица и трактор „Фергусон 35“ со делчевски регистарски ознаки управуван од З.П.(74) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.П. констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

На 01.09.2022 во 23.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(60) од Тетово, удрило во електрична инвалидска количка управувана од Г.М.(24) од Тетово. Во несреќата со повреди се здобил Г.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршил увидна екипа од СВР Тетово.

На 01.09.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Михаил Чаков“ во Скопје, патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(36) од Скопје, удрило во Н.Ш.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 02.09.2022 во 00.10 часот во Полициската станица Аеродром, Р.М.(27) од Скопје пријавила дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ била касната од куче скитник.

На 01.09.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, Ф.Б.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Јоаким Крчоски“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

error: Content is protected !!