(ВИДЕО) Шокантно откритие на Лазаров: Цела Македонија донирала пари за лице кое не постои
Познатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров во изминатиот период влезе во отворена битка со емисијата „Срце на дланка“, притоа јавно обвинувајќи ги дека свесно ги тераат луѓето да донираат, иако понекогаш приказната која ја претставуваат е далеку од точна и вистинита.
Денес, тој со емисија на својот Јутјуб канал сподели низа информации, после кои многу луѓе со сигурност ќе останат во шок и ќе го променат мислењето и ставот за емисијата.
-Во емисијата „Срце на дланка“, Цене Маџуни вели дека е 50 години, а според официјални информации, таа има 45 години,- што значи дека тоа е лага, вели Лазаров на почетокот, а потоа открива и други шокантни информации.
Цене Маџуни открива дека наводно на 15 години била во брак, дека има два сина, од кои постариот (36 години) работел во МВР и бил во Хрватска, каде му се слошило и во кома е наводно 3 години. Наводно се слуша со неговиот доктор, а помалиот син Емил (13 години) има проблеми со срцето.
Го раѓа Далибор на 15 години, а неговите години се 36 години, во емисијата вели дека има 47 години, по што испаѓа дека Далибор е роден на 11 години?
Но, она што допрва ќе го прочитате е уште поголем шок.
Далибор наводно е сосема друг човек, кој како што тврди Лазаров има дебело криминално досие.
Целата емисија погледнете ја во продолжение: