Неверојатно лошо започна 2023 година за Крива Паланка, ако може да се суди според она што се случува во изминатиот период во овој град на истокот.
Речиси и да нема ден, како овој град го нема во дневниот билтен на МВР, а по серијата скандали, се случила и физичка пресметка меѓу две колешки.
Најпрво јавноста ја разбранува јавноста за наводен инцидент на градоначалникот и полицаец кој во тој момент не бил на служба.
Потоа на големиот празник Водици, снимката од Крива Паланка стана хит, откако учесниците се бореа и туркаа за тоа кој да го фати крстот. Како сето тоа да не беше доволно, па две колешки го решавале проблемот со физичка пресметка.
На 20.01.2023 во 11.30 часот А.С.(49) од Крива Паланка пријавила дека во канцеларија од јавно претпријатие во Крива Паланка по претходно недоразбирање била физички нападната од нејзина колешка М.Т.С.
По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Што се случува со Крива Паланка: Колешки се истепале на работа – ова се деталите
