По Антониа, уште една позната Македонка ќе има принова – не е сигурно, НО еве за што се работи









Денес главна вест во медиумите бременоста на нашата пејачка Антониа Гиговска. Таа откри преку социјалните мрежи, дека е бремена, точно на својот роденден, кој е денес. По неа, уште една позната Македонка можеби е бремена?!?




Нашата позната инфлуенсерка и водителка Јелена Спенџарска често објавува и мотивирачки цитати за животот, среќата, љубовта, а во последно време се отвора повеќе од било кога и отворено си зборува за сè.

Спепнџарска е една од нашите најпопуларни инфлуенсерки во последно време, во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.




Долго време се пишуваше за дечкото на нашата водителка и колку е таа среќна. Тие двајца постојано го поминуваат времето на релација Скопје-Солун, што најверојатно дечкото на Јелена е од таму или само таму живее.

Јелена неодамна изјави дека ова е прв Божиќ што го прославуваат заедно, а под елката во станот во Солун ја чекаа многу подароци кои ги отвораа заедно со партнерот.




Слики од нив двајца, шал од Поло, меки влечки за по дома итн. се само дел од подароците кои Јелена ги доби од партнерот.

На овој убав ден, Јелена објави слика со партнерот, седнати покрај елката, во домашно и комотно издание. Ова е првпат таа да го покаже партнерот во јавноста.




Водителката секогаш е позната по нејзината голема позитивна енергија и позитивност која ја шири каде и да се појави. Разиграна, средена и секогаш со убави мисли, таа е вистинкски пример за една жена.

Спенџарска била во дискотека со својот дечко, но и со нивни пријатели, а во таа прилика го испофали диското и откри колку е ова сѐ за неа:




„Оооо колку убава вечер беше ова. Не памтам кога последен пат вака сум се изнаиграла. Нашите пријатели беа ѕвезди на вечерта.

Видете го само ова! Омг, цело диско играше на сите песни од прва до последна!!! Абе 4 саати игравме без престан,“ напиша Јелена. Очигледно е дека ѝ одговара овој град поради тоа што и самата таа е доста активна.




Сега, таа е пак во Солун, како што се пофали на Инста стори дека овој викенд ќе го помине таму, па веднаш се пофали со убавото сончево време од овој грчки град.

Потоа, покажа како оди на шопинг како вистиснска домаќинка, и си купува ренде, па секачи за краставица, за морков и други нешта кои ѝ се потребни во кујната.

Ама, потоа, Јелена се покажа и во гардероба, како решила да си купи ново палто. Таа објави слика од неа како го пробува сакото, ама рече дека ѝ малку големо.




-Сакото е малку oversize, ама па 30 е, ќе пораснам во него. Ова „ќе пораснам“, може да се сфати на повеќе начини, ама еден од нив е дека Јелена ќе биде бремена кога ќе го носи ова палто.

На гости кај дечкото во Солун, купува домаќински работи, па потоа кажува дека ќе порасне, сето ова алудира на некои големи планови кои можеби нашата шарматна водителка ги има со својот сакан.

error: Content is protected !!