(ФОТО) Само што се случи: Страотна сообраќајна несреќа на Партизанска во Скопје – ова се деталите
Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ на крстосницата со булеварот „8 септември“, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, пренесе „360степени“
Според информациите од МВР сообраќајката се случила во 20 и 20 часот и засега е пријавено едно повредено лице, кое со екипи на Брза помош е пренесено во ГОБ „8 септември“.
Во несреќата учествувале две возила , Сеат Ибица со велешки регистарски таблици и БМВ со скопска регистрација.
Полициски екипи се терен и се утврдуваат причините за несреќата, велат од МВР.
ФОТО: 360степени