Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски отсекогаш бил искрен кога станува збор за неговиот приватен живот.
Јавноста ја проследи целата драма со неговата поранешна сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, но се чини дека македонскиот победник во музичкото натпреварување Икс-фактор сѐ уште верува во искрена љубов.
„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“, напиша тогаш пејачот на Инстаграм.
Пред само неколку месеци пејачот на социјалните мрежи откри дека има нова жена во неговиот живот објавувајќи фотографија со саканата. Кајмакоски не ѝ го откри идентитетот на убавата девојка, но јавно ги сподели своите чувства кон неа.
Само неколку месеци по објавата, денес на Инстаграм пејачот сподели како ја бакнува својата сакана додека на фотографијата пишува „Just Married“ (Штотуку венчани).
Потоа пејачот сподели уште една фотографија на која со сопругата пијат кафе, се заблажуваат со десерт во форма на срце, покажувајќи ги венчалните бурни.
Некоја магија меѓу пејачите: По Антониа и Виктор, во „тавче“ влегува и Даниел Кајмакоски
