Откако го истепаа во Охрид и со владин бугарски авион беше испратен на лекување во Софија, секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, беше посетен од министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков.
Османи уште еднаш го осуди насилниот чин врз Пендиков и додаде дека му е жал за инцидентот, за кој што рече дека не ги одразува вредностите на граѓаните на Северна Македонија. Тој увери дека земјава ќе се погрижи за нула толаранција врз насилството. Според шефот на дипломацијата, Бугарите во Македонија ќе ги имаат сите права, слободи и привилегии, истакнувајќи дека нема да се дозволи негирање на бугарската заедница, како што нема да се дозволи негирање и на македонскиот народ.
В.д. бугарскиот министер за надворешни работи Милков рече дека Бугарија нема да отстапи од заштита на правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија.
Молкот на Бујар Османи, додека неговиот бугарски колега Николај Милков пред него вели дека „во Македонија се враќаат црните традиции на палење, стрелање и насилство“, е доволна причина за тој да биде разрешен, смета поранешниот обвинител Војо Димоски.
Само ова е доволна причина перикава да биде разрешен од министерското место. Покрај основната причина: дека е неспособен и неписмен, вели тој.
Тешки зборови од Војо: Ова е доволна причина перикава да биде разрешен ИТНО
