Црни традиции на палење, стрелање и насилство – ова за министерот за надворешни работи на Бугарија била тепачката во кафуле во Охрид. Николај Милков и министерот Бујар Османи го посетија охриѓанецот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб, кој после тепачка во Охрид со владин авион беше транспортиран во Софија. По посетата, Милков кажа дека во Македонија имало атмосфера на неказнивост на насилство.
„Момчето настрада заради своите идеи. Еден маж со кауза која што ја застапува. Ситуацијата не треба да продолжи на овој начин. Треба да се стави крај на атмосферата на неказнивост која што раѓа и ново насилство. Тука сум да кажам ‘не’ на враќањето на тие црни традиции кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. За такво нешто нема место во Европа“, изјави Милков
Целата ситуација добива и поинаков тек, а за сето тоа информираше фејсбук страната Криминалите на ВМРО ДПМНЕ, кои објавија и фотографија како доказ.
-Илија Спасески, тепачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид сликан со Градоначалникот на Охрид, Пецаков. А само пред 2 дена Пецаков негираше вмешаност во случајот. Вистината е како шило, нели?!
П.С. Спасески од неодамна е вработен како наставник по физичко, со потпис и амин на Пецаков.
Голем ПРЕСВРТ во целиот случај: Еден од напаѓачите имал средба со Пецаков – а градоначалникот кажа не го познава
