Активистка за заштита на кучиња искасана од глутница кучиња во центарот на Струга









Активистка за заштита на кучиња искасана од глутница кучиња во центарот на Струга




Нела Стојанова, неформална активистка за заштита на кучињата скитници од Струга е најновата жртва на напад од агресивни кучиња, објави ohridnet.net.




31-годишната Стојанова вчера попладне била нападната од шест кушиња скитници пред кафе бар во Струга во близина на езерото.




Две од кучињата ја каснале, а едно ја вознемирило скокајќи врз неа.




Едното куче ја каснало за левата нога нанесувајќи и длабоки, видливи рани со видливо крварење, а второто ја каснало за десната рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди.

Девојката побарала помош од својот татко и од своја другарка по што била одведена во во болница каде и биле санирани раните и била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.

error: Content is protected !!