Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, како и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ добија по две години затвор за изборни нерегуларности. И во новата, втора по ред осуднителна пресуда што ја донесе Основниот кривичен суд Скопје обвинетите се огласени за виновни за случајот „Титаник 2“.
Кривичното дело за Мијалков застарува во април годинава ако пресудата до тогаш не стане правосилна, односно ако, доколку има жалби, Апелацискиот суд Скопје не донесе одлука.
Ова е пораз за правната држава и сигурно дека кога на писмено ќе ја добиеме пресудата ќе поднесеме жалба, изјави Љупчо Шврговски адвокат на Сашо Мијалков.
Тој додава:
Надвор од памет дека ние сакаме или купуваме време. Тука нема дело. Самата пресуда на Аплеациониот суд јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите“, вели Шврговски.
(ВИДЕО) Адвокатот на Мијалков во ШОК: Како можеше да има ваква пресуда – Ова е пораз на правото и правната држава
