Младо момче во центарот на Скопје скокна од зграда и го загуби животот: Наместо на училиште, замина засекогаш во вечниот дом









Голема трагедија ја потресе Македонија. Малолетник си го одзеде животот, откако скокна од зграда во строгиот центар на Скопје.




Несреќата се случила на 31-ви август околу 20 часот, кога сега веќе починатот момче најпрво околу 18 часот бил да го земе своето свидетелство од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, каде бил заедно со своите соученици и класната, која ги почестила со сок и благо.




По завршувањето на таа средба, 17-годишниот малолетник околу 20 часот излегува од училиштето и оди кон ГТЦ, од каде оди кон катната гаража и од истата скока. Починал на лице место.

Тој беше погребан денес, петок, во 13 часот на гробишта „Бутел“ во Скопје.




Од семејството се во шок од целата ситуацијата, а воедно и изненадени од молкот на неговото училиште СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, каде следниот ден бил организиран свечен пречек, а истите не се јавиле да изразат ниту сочуство.

Момчето бил затворен тип и не споделувал со никого ништо, но од фамилијата дополнително се разочарани откако веќе на 1-ви септември во училиштето доаѓа и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, каде заедно со учениците е организиран свечен пречек, а никој воопшто не го споменал трагичниот настан за ученикот од ова училиште, кој се случил неполни 24 часа претходно.




Од семејството никого не сакаат да обвинат, но имаат многу прашања. Дали имал проблеми во гимназијата, дали бил малтретиран од некого, што се случувало со него. Каде е директорот на училиштето или психологот, прашуваат тие.

Единствена која се јавила на родителите да изрази сочувство е класната раководителка, која на прашање зошто од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ се молчи за трагичниот настан, одговорот бил дека така било наложено од страна на институциите.




Од фамилијата на младото момче ќе им остане само посмртницата, родителите се прашуваат зошто никој не се интересира што се случило и бараат одговори. Фамилијата сака да се покрене акција, во која ќе бидат спречени вакви и слични несреќни трагедии во иднина.

Близок член на фамилијата, тоа го сподели и преку социјалните мрежи. Еве што напиша тој:

-СУГС Раде Јовчевски – Корчагин дали денес негде спомнавте дека синоќа ваш ученик излезе од вашето школо и отиде си го одзема сопствениот живот? Дали и кажавте на Данела Арсовска0 додека си славевте денес прв ден, додека си се сликавте така насмеани и среќни, што се случило синоќа? Дали СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин” ја контактиравте воопшто фамилијата да изразите сочувство? Дали прашавте како и зошто дете излезе од вашите врати и отиде да скокне од катна гаража?!?, – пишува Мартин Штрбевски.

За ова се огласи и Мимоза Ристова:

ЕДЕН УЧЕНИК ОД ГИМНАЗИЈА КОРЧАГИН СИ ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ – ТАГА НЕВИДЕНА (ги земал оценките и си пресудил)

1. МОН и Образовен инспектор веднаш да преземе вонреден инспекциски надзор (ама сериозен). Да ги анкетира учениците и да го лоцира проблемот со помош на експерти по психологија). Постојат професори кои им прават булинг и мобинг на учениците, им ја разнишуваат самодовербата и ги носат во очај и смрт. Во сите гимназии има вакви гадни ликови кои треба да се отстранат, Во нашава држава ученици и родители се плашат да пријавуваат, зашто знаат дека никој ништо нема да преземе за да ги заштити, туку напротив, ги чека освета од гадот/гадурата кој/која на нив лечи лични фрустрации.

2. Анкетирањето да се спроведе по другите гимназии за да се лоцира потенцијалниот причинител на ученичка смрт, за да се превенира.

3. Кретенката Данела која се понела недоветно во врска со овој трагичен настан да се натера да си поднесе неотповиклива оставка.

4. Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата.

Оваа жална вест нека ги покрене механизмите, ако постои некаква држава наместо мафијашка усмрдена баруштина.
Моето најдлабоко сочувство до родителите.

error: Content is protected !!