Голема трагедија: Почина фудбалерот кој беше заcтpелан во глава пред зграда









Поранешниот фудбалер на Железничар, Алмир Рашчиќ, почина откако со денови се бореше за живот, откако беше заcтpелан во глава пред станбена зграда во Горажде.




Алмир речиси две недели се бореше за живот, но на крајот ја загуби таа борба.




Според соседите и жителите на Горажде, Алмир немал никакви проблеми и непријатели, па мотивот за у6иcтвото сè уште останува мистерија.




Постариот брат на Алмир Адмир Рашчиќ ги носеше дресовите на Железничар, Сараево и Борц, а нивниот татко Мухидин е член на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина и претседател на ИО на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина.




„Истрагата е во тек. Сè уште се прибираат докази, се преземаат дејствија, сè што дозволува Законот за кривична постапка. Се вршат теренски проверки, прибирање материјални докази, разговори со сведоци. Во интерес на истрагата не можеме да ви кажеме ништо повеќе“, изјави кусо за „Аваз“ кантоналниот обвинител Мирсад Билајац.




Нападот врз поранешниот фудбалер се случил на простор кој не бил покриен со видеонадзор, но на местото на злосторството биле пронајдени чаури, па било утврдено дека истрелот најверојатно бил испукан од пиш-толот на „тетеец“.

Алмир Рашчиќ во својата кариера настапуваше за Железничар, Вележ, Олимпик, Горажде и Азот.

error: Content is protected !!