Граѓани се организираат: Ќе го блокираат патот на Бугарите кои на 4 февруари ќе се упатат кон гробот на Гоце Делчев
На социјалните мрежи е објавен повик до граѓаните, за на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје, бидејќи на тој ден се очекува бугарски граѓани да дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.
„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.
Бугарската фондација синоќа на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.
Граѓани се организираат: Ќе го блокираат патот на Бугарите кои на 4 февруари ќе се упатат кон гробот на Гоце Делчев
