Според познатиот микробиолог д-р Никола Пановски додека трае летниот бран на вирусот младата популација не носи маски, оди на забави и журки, а рестораните се преполни. Тој на хронично болните лица им препорачува да избегнуваат гужви и во затворен простор да носат маски. Пановски вели дека нема потреба и од дневна статистика,колку се заразиле, колку починале, оти не е само короната има и други болести посериозни
Хронично болните лица да избегнуваат гужви, особено во затворен простор и да практикуват кога има потреба да носат маски. Во Македонија се живее како да нема корона, особено младата популација која не само што не носи маски,тие одат на забави, рестораните се полни. Вака ја согледува актуелната ковид состојба во земјава и летниот бран на вирусот познатиот микробиолог д-р Никола Пановски. Според него летово луѓето оболуваат од вирусот, но за тоа не дигаат паника го прифакаат тоа, а така треба да се прифати и секоја болест.
-За среќа кај огробен број од населението во земјава ковидот-омикронот поминува лесно, останува само секојдневното објавување на статистиката колку има новозаразени, колку оздравеле и колку починале. Ако се објавува вака и за други болести може да биде и посериозно-нагласува д-р Никола Пановски.
Со неговиот став се согласува и епидемиологот д-р Драган Даниловски кој што во неколку наврати укажува дека треба да се стави крај на ваквата статистика, бидејќи во вакви услови која болеста преминува во ендемска веќе нема потреба да се оптоваруваат граѓаните. Според него здравствените власти треба да се насочат за евентуално есенско- зимски бран и да се обезбедат современи лекови за вирусот, протоколи а не да се лекува кој како сака.Особено треба, вели д-р Даниловски да се ограничи употребува антибиотици кои не лекуваат вирусни, туку бактериски инфекции.
Дека стивнува летниот бран потврдува и неделната статистика на Институтот за јавно здравје која се однесува за периодот од 15 до 21 август годинава. Во овој период се регистрираат 2.686 нови позитивни случаи на ковид-19 што претставува намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела.
Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Делчево, Кавадарци, Гевгелија, Пехчево, Охрид, Неготино, Берово и Кратово. Согласно податоците од ИЈЗ, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години.
Во истиот период оздравени се 3.197 лица, или 14,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 20 смртни случаи, најголем број од Охрид – 5.Минатата недела се хоспитализирани 28 лица, а моментално во болниците се лекуваат вкупно 125 ковид-пациенти, што пак е 37,2 отсто помалку во споредба со претходната седмица. Од нив 45 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на механичка вентилација.
Заклучно со 21 август вакцинирани се вкупно 875.486 лица со барем една доза на вакцина. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно
856.527 лица.
Според ИЈЗ со една доза на вакцина против КОВИД-19, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 55,2 проценти од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 отсто.
Опфатот со две дози на вакцина против коронавирусот кај населението над 18 годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54,0 отсто кај население над 12 годишна возраст.
-Статистиката потврдуа дека со две дози опфатено е 46,6 проценти од вкупното население-велат од ИЈЗ.
Како што посочуваат од ИЈЗ опфатот со трета доза кај населението над 18 годишна возраст изнесува 11,1 проценти, додека кај населението над 12 годишна возраст е 10,2 отсто, додека со трета доза имунизирано е 8,8 проценти од вкупното население.