(ВИДЕО) Перо Антиќ гледа Црвена Звезда – Партизан: Погледнете како го пречекаа навивачите









Перо Антиќ во скопските сали честопати се соочува со свирежи, а таков беше случаот и на последниот натпревар на МЗТ Скопје против Црвена Звезда. Но, затоа, ситуацијата во Белград е спротивна.




Кога и Антиќ да се појави во Белград, се чувствува како „дома“. Така беше и вечерва во „вечното дерби“ помеѓу Црвена Звезда и Партизан. Кога Антиќ се појави на паркетот, „Делиите“ го поздравија со овации од трибините.




Иако помина долго време од кога беше играч на црвено-белите, Антиќ очигледно сѐ уште е омилен кај навивачите.



error: Content is protected !!