Страотна трагедија ја потресе Македонија: Млад возач, на само 18 години прегази пешак кој ПОЧИНА – ова се деталите
Најнова и вонредна вест ја потресе државата.
Вчера вечер во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот И.Ј. од село Брест, скопско, удрило во пешакот 71-годишниот Ш.Р. од Скопје, извести МВР.
– На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
Страотна трагедија ја потресе Македонија: Млад возач, на само 18 години прегази пешак кој ПОЧИНА – ова се деталите
